Фото: Пиксабеј

Техно

Сите модели на ајпед ер што компанијата „Епл“ досега ги пласираше на пазарот имаа екрани помали од 11 инчи, но „Диџитајмс“ тврди дека компанијата од Купертино сега работи на поголем модел со екран од 12,9 инчи.
Цитирајќи „извори од индустријата“, „Диџитајмс“ наведува дека 12,9-инчниот ајпед ер ќе користи ЛЦД наместо ЛЕД мини-панел, што е она што го има 12,9-инчниот ајпед про.
Неодамна се шпекулираше дека „Епл“ работи на два модела на ајпед ер со идентификациски броеви Ј537 и Ј538, едниот може да биде 12,9-инчен ајпед ер, а другиот 11-инчен модел. Повеќе детали за овие верзии може да се појават во наредните месеци.