Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Еден од најголемите трендови за нега на косата во моментов е додавање посебен ароматичен зачин во вашиот шампон. Ова е тренд што стана популарен на Тикток и ветува сјајна и здрава коса, која расте побрзо.
Каранфилчето е најпознато по својот специфичен мирис и вкус, поради што често се користи во готвењето. Но тоа не само што е интересен зачин туку често се користи и во кинеската народна медицина против надуеност и гасови или како лек против болки.
Бидејќи каранфилчето е богато со есенцијални хранливи материи, како витамин Е, магнезиум и калциум, теоријата дека помага во негата на косата има смисла, сето горенаведено влијае на зајакнувањето на фоликулите на косата и на тој начин промовира побрз раст на косата. Исто така, ова растение има антигабични и антиоксидантни својства, кои можат да придонесат скалпот да биде почист, а тоа особено важи за оние што страдаат од сув или мрсен скалп или чешање на скалпот.
Најпрво изберете го шампонот што вообичаено го користите, но би било добро да е малку понежен и не премногу агресивен, а приспособен на вашиот тип коса. Можете да користите цело каранфилче или во прав. Ако го користите цело, здробете го малку за да се ослободи есенцијалното масло.
Загрејте вода додека не биде топла на допир, не премногу жешка! Додајте каранфилче во прав или мелено каранфилче во топлата вода и оставете ја смесата да отстои 15-20 минути. Процедете ја смесата и измешајте ја со вашиот шампон во сооднос 1:2 (една третина треба да биде смеса од каранфилче и две третини шампон). Користете ја оваа смеса како обичен шампон. Нежно масирајте го скалпот и добро исплакнете!