На 17. Светско првенство (СП) во атлетика, во Доха, Катар (од 27 септември), ќе настапат вкупно 1.928 спортист(к)и, од кои 1.039 се мажи и 889 жени, од 209 земји.

Од 44-те индивидуални победници од СП 2017 во Лондон, 38 ќе ги бранат титулите во Доха. На СП ќе трчаат и сите 30 шампиони на Дијамантската лига. Некои спортисти ќе имаат шанса да си обезбедат место во историјата на атлетиката. Американската спринтерка Алисон Феликс, која е најуспешна во историјата на СП, со освоените 16 медали (11 златни, три сребрени и две бронзени) ќе има можност да го подобри тој ефект со настапот во штафетата 4х400 метри. Шпанецот Хезус Анхел Гарсија (49) по рекорден 13-ти пат ќе оди на 50 км. Со тоа светскиот шампион од Штутгарт во 1993 година ќе стане највозрасниот натпреварувач на СП.