Сопствениците на мачки знаат дека секоја мачка има своја посебна личност, но постојат одредени упатства за кои треба да се свесни сопствениците на овие домашни миленици.
Не принудувајте ги на „дружење“: дозволете ѝ на мачката да дојде кај вас и научете да разбирате кога сака да ја оставите на мира. Ветеринарката Венди Хаузер вели дека сопствениците на домашни миленици никогаш не треба да ја принудуваат мачката да се „дружи“ или да се гушка кога таа не е расположена.
Не внесувајте растенија во домот што не се безбедни за мачките.
– Лилјаните, кои често се наоѓаат во цветните букети, се многу отровни за мачките и консумирањето на кој било дел од ова растение може да доведе до откажување на бубрезите и смрт на мачката – изјави ветеринарката.
Не дозволувајте мачката да си игра со волница или со конци.
Голтањето волница или конци може да го предизвика она што ветеринарите го нарекуваат линеарно туѓо тело. Ова резултира со смрт на делови од цревата, кои мора хируршки да се отстранат- вели нутриционистката за животни и поранешна ветеринарна техничарка Џејми Алсинг.
Избегнувајте директно казнување.
Мачките никогаш не треба директно да се казнуваат, вербално или физички. Онаму каде што некои сопственици плескаат со рацете, удираат со стапалата или штракаат со монети во конзерва за да го научат кучето дека неговото однесување е неприфатливо, овој метод ќе ја испровоцира мачката – вели Хаузер.
Мачките се многу чувствителни на гласни звуци, па затоа ги сметаат за застрашувачки. Тие може да го доживеат лицето што ги испушта овие звуци како закана, па ќе почнат да го избегнуваат.