Новиот „астон мартин“, од 2019 година попознат како „вантаж“, пристигнува во салоните подоцна оваа година. Новото купе ќе го замени претходникот, кој беше на продукциската линија последниве 12 години. Тоа се два животни века на типичниот циклус во автомобилската индустрија.
Ентузијастите и обожавателите на брендот чекаа долго време за повторно појавување на овој автомобил. Целосно редизајнираниот спортски автомобил „вантаж“, кој се произведува во фабриката „Гајдон“ во Англија, е најдобрата понуда на британскиот производител на автомобили. Новиот автомобил го поседува препознатливиот стил на „астон мартин“, но со нов модерен пресврт. Се одликува со елегантен аеродинамичен стил, со прекрасна патничка кабина. Издадениот преден дел го задржува уникатниот изглед на автомобилот. Но во споредба со претходниот модел, фаровите се помали.
Страничниот преден дел се дупки што исфрлаат воздух, во близината на тркалата.
Исто така, автомобилските инженери успеаја да создадат купе со супериорна аеродинамика. Патничката кабина е исто така опремена и напредната во однос на претходниот модел и особено револуционерна за овој традиционален производител на автомобили. Патниците се соочуваат со органски дизајнирана контролна табла и централна конзола со низа прекинувачи, ротирачки избирачи и тркалезни копчиња изградени од стакло, кои се уметнички стилизирани. Технологијата изобилува со два мултифункционални дигитални инфозабавни екрани, едниот пред возачот, а другиот на врвот на контролната табла.
Најимпресивен дел се рачно изработените материјали, прекрасната мешавина од фини кожи и метали, кои се контрастни на уникатните шари и бои. Прекрасните материјали во овој автомобил ја прикажуваат визуелната екстравагантност, која ги следи и зајакнува луксузот и престижот на „астон мартин“.
Компанијата користи производствена техника што ги поврзува алуминиумските компоненти заедно со лепила за неговите сврзувачки елементи. Инаку, овој процес на работа е вообичаен во авионската индустрија. Исто така, користењето на овој метод на работа овозможи шасијата на автомобилот да е лесна и силна. Инженерите со градење на робусната платформа, со цврста монтирана задна подрамка, овозможија подобрување при управувањето со автомобилот. Автомобилот доаѓа со стандарден осумстепен автоматски менувач, кој ги управува задните тркала преку уникатната цевка со оска, изградена од легура и јаглеродни влакна.
Стандардниот мотор е двојниот четирилитарски В8-мотор, кој е преземен од „мерцедес-АМГ“, кој поседува 503 коњски сили и забрзување до 60 километри на час за само 3,5 секунди. Спортскиот автомобил може да постигне 314 километри на час максимална брзина, но автомобилот би можел да постигне и повисоки брзини.
– Ние не ги бркавме максималните брзини, повеќе се насочивме на агилноста и динамичните перформанси на автомобилот – вели Мет Бекер, главен инженер во „Астон Мартин“.
Инженерите го опремија автомобилот со 20-инчни тркала, специјално изработени гуми „пирели П-зеро“, со челични сопирачки што овозможуваат брзо намалување на брзината на возилото. Бекер објаснува дека новиот „вантаж“ ќе има цена од околу 153.000 американски долари во САД. Тој претставува поспортска варијанта од својот поголем и потежок брат „ДБ11“. Управувањето со овој автомобил се одвива побрзо и поагилно. Во едноставни термини, новиот „вантаж“ побрзо се врти и ги фаќа кривините и тој ја прави разликата помеѓу спортските автомобили и тркачките автомобили.