Земјотрес со јачина од 3.1 степени почувствуван во Берово и Пехчево
Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во 00.22 часот, со епицентар во подрачјето Делчево – Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје - информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, пренесе МИА.
Според достапните податоци, потресот бил почувствуван од жителите во Берово, Пехчево и околните населени места, со интензитет од III до IV степени...
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден – затворања на улици во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром
По повод празникот „Воскресение Христово – Велигден“, Министерство за внатрешни работи најави воведување на посебен сообраќаен режим во Скопје, кој ќе опфати делови од централното градско подрачје, како и општините Ѓорче Петров и Аеродром, пренесе МИА.
Од 18.00 часот па до завршување на празничните активности, по потреба ќе бидат затворани повеќе сообраќајници во центарот на градот. Меѓу нив се булеварот...
Облачно време со слаб дожд претпладне, од вторник нов бран врнежи низ целата земја
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со можност за слаб локален дожд во источните делови во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени - информира Управа за хидрометеоролошки работи, пренесе МИА.
Во Скопје, претпладне се очекуваат услови...
ОМО „Илинден“ – Пирин: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци, утврди ОН
Комитетот за човекови права на Обединетите нации оцени дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на етничките Македонци за заштита на нивните права, објави на социјалните мрежи ОМО „Илинден“ – Пирин.
Според објавата, станува збор за невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност“, која поднела барање за регистрација согласно законските процедури, но добила негативна одлука без детално...
Ако преговорите во Пакистан не доведат до конечен договор, војската на САД повторно ќе нападне, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД се подготвува за нови напади врз Иран доколку преговорите што започнуваат во Пакистан не доведат до конечен договор.
Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување.
– Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и...
Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД – потврда за меѓусебната посветеност и поддршка
Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон.
Министерот Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што беше потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше нагласена...
Кривична пријава за скопјанец, снимал воена касарна и споделувал видеа
СВР Тетово поднела кривична пријава против скопјанец за неовластено влегување во воени објекти и правење скици на воени објекти.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од с.Студеничани, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ - соопшти Министерството за внатрешни...
Маж пронајден починат во објект на Бит Пазар, телото дадено на обдукција
Во СВР Скопје вчера во 13:25 часот е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети....
Џеј Ди Венс денеска во Пакистан, ќе разговара со претставници на Иран
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе отпатува денеска во главниот град на Пакистан, Исламабад, каде што, со учество на медијатори, ќе разговара со претставници на Иран. Разговорите се одржуваат во време кога кревкото привремено примирје е на работ на колапс.
Венс ќе биде придружуван од специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие...
Гостивар празнично украсен за Велигден
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градот Гостивар
доби свечен и топол празничен изглед. Централните улици, плоштадот и
повеќе јавни простори се украсени со симболи на Велигден, разнобојни
декорации и светлосни елементи кои создаваат посебна атмосфера за сите
граѓани.
Од Општина Гостивар информираат дека украсувањето на градот не е само
естетски чекор, туку носи и подлабока порака.
- На ваков начин сакаме да испратиме порака...








































