„Гумено време“ е обид да се пронајде глас за она што често останува неизговорено

Ана Ивановска, ликовна уметница Уметноста има моќ да биде повеќе од естетско искуство, таа може да стане огледало на внатрешната состојба, прибежиште во моменти на криза или патека што води кон разбирање. Со оваа изложба се обидувам да создадам таков простор - тивок, но длабок повик за присуство, за свесност и за надеж, споделува Ана Ана Ивановска (Скопје, 1982) дипломирала...

Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ

Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија. Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на ЕУ, што ќе започне шест...

Спасение (2)

По Ацтеките, Маите, Инките и Индијанците, а тука се и Толтеците, и Македонците, блиски соседи на Западната крвожедна за туѓи блага цивилизација на нејзините мефистофелски нации, се најдоа на нивен удар, затоа што нивната психа беше космополитска, а не етноцентрична како нивната, психа на сеопфатната љубов на човештвото, решија да ја уништат и исто така од неа, откако ќе...

Главна точка на спор во руско-украинските преговори е дел од територијата на т.н. Доњецка Народна Република, вели Рубио

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека главната точка на спор во преговорите за ставање крај на конфликтот во Украина е дел од територијата на т.н. Доњецка Народна Република (ДНР), односно околу 20 отсто од Доњецката област кои се под контрола на Киев. Во интервју за Фокс Њуз, Рубио рече дека преговорите во моментов се фокусираат на областа широка 30...

Паметната специјализација ќе донесе раст на македонската економија и подобар живот, смета Јаневска

Спроведувањето на плановите опфатени со Стратегијата за паметна специјализација ќе донесе раст на економијата и подобар живот во земјата и ќе придонесе за исполнување на стандардите за влез во Европската Унија, изјави за МИА министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во Брисел учествуваше на Конференција посветена на стратегиите за паметна специјализација во процесот на проширување на ЕУ -...

Владата на Романија донесе уредба која овозможува преземање на Лукоил

Романската коалициска влада одобри уредба која овозможува преземање на локалниот имот на компаниите кои се под меѓународни санкции, како што е руски Лукоил. Лукоил во Романија има 320 бензински пумпи, управува со третата по големина рафинерија во земјата и поседува права на офшор истражувања во дел од Црното Море. Рафинеријата, која обезбедува околу една четвртина од романското гориво, е затворена со...

Не разгледуваме привремено новогодишно примирје во Украина, рече Песков

Новогодишното примирје на украинското бојно поле во моментов не е предмет на разгледување, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Сè уште нема дискусии за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков како одговор на новинарско прашање дали имало какви било разговори за тоа - пренесоа руските медиуми. Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија се залага исклучиво...

Осомничениот за пукањето во Вашингтон обвинет за убиство од прв степен и напад

Единствениот осомничен за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон минатата недела е обвинет за убиство и напад, соопштија вчера американските обвинители, пренесува ДПА. На 26 ноември, 20-годишна жена и 24-годишен маж кој служеле во Националната гарда на Западна Вирџинија биле застрелани додека биле на патрола во близина на метро станицата Фарагут Вест, во Вашингтон, недалеку од Белата...

Време е да научиме да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме, порача Силјановска Давкова

Време е да научиме да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме. Време е за нашето очовечување преку градење инклузивно македонско општество, како пристојно место за живот, порача вечерва претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова на свеченоста на доделувањето на признанијата „Абилити Авордс 2025“ (Ability Awards 2025), на која беа наградени поединци и компании што го поттикнуваат и унапредуваат квалитетот...

Има индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, вели Ѓорѓиевски

Има одредени индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, изјави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека стручни служби веќе се влезени и испитуваат како на пример, одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати, плаќаат данок на имот само за 500 квадрати површина. Ѓорѓиевски, во гостувањето во дневникот...