Блокиран граничниот премин „Богородица“, на „Меџитлија“ бликада само за автобуси и товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез од 11 часот. На граничниот премин „Ники“ (Меџитлија), сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси. Сообраќајот се одвива непречено на граничниот премин „Дојран“, покажуваат податоците на Авто-мото сојузот на Македонија до 12 часот денеска. Од АМСМ попладнево информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,...

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба...

Претседателот Петр Павел го назначи Андреј Бабиш за нов чешки премиер

Чешкиот претседател Петр Павел денеска го назначи милијардерот и лидер на партијата „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО), Андреј Бабиш, за нов премиер на земјата. Назначувањето беше извршено на официјална церемонија, пренесувана во живо. Бабиш, чија партија победи на парламентарните избори одржани на 3-4 октомври, ќе ја преземе власта од десноцентристичката влада откако ќе биде назначен целиот негов кабинет, што се...

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернатива

Пратеникот Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашањае е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата. Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија,...

Милош Гавриловиќ е нов селектор на одбојкарките

Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е новиот избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи дамите. Договорот е на две години, со можност да биде продолжен. Гавриловиќ ја презема функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во...

Штипјанец фатен со 4.333 париња на пиротехнички средства

Четириест и седумгодишен штипјанец синоќа е лишен од слобода, откако на неговата тезга на Градскиот плоштад „Слобода“ биле најдени 1.340 паричиња пиротехнички средства. Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информира дека синоќа во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските...

Граѓаните за даноци кон Град Скопје должат над 36 милиони евра

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок. Увид во долгот и електронска уплата може...

Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија

Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре. Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100...

Мицкоски се сретна со генерал-мајор Грегори Најт

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. -Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети - напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук. На средбата присуствуваа и министерот за одбрана...

Што го загадува најмногу воздухот во станот

Домување Воздухот во станот често може да биде понездрав од надворешниот, бидејќи загадувачите се акумулираат во затворен простор. Иако внатрешните извори се проблем, големо количество на загадување влегува во станот преку прозорците и вентилацијата, особено ПМ-честички, кои се ситни лебдечки честички од издувни гасови од сообраќајот, индустријата, ложиштата и чадот. Потоа тука се азотни оксиди и сулфур диоксид, но и...