Спречен увоз на над 26 тони пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата...

Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓач кој уби двајца студенти во Универзитетот „Браун“

Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд. Градоначалникот на градот, Брет Смајли, информираше дека девет лица се повредени во нападот, од кои осум се во критична состојба, додека деветтиот е надвор од животна опасност. Заменик-шефот на полицијата во Провиденс, Тимоти О’Хара, изјави дека осомничениот е маж, веројатно...

Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека секој обид за посегнување по замрзнатите руски средства би претставувал објава на војна. Говорејќи на антивоен собир во Мохач, во јужна Унгарија, Орбан предупреди дека обидите за замрзнатиот руски имот во Белгија и други европски земји да се искористи за финансирање на војната, би имале сериозни последици по европската финансиска стабилност. - Ако Брисел...

Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Европската комисија треба да „ја напушти планетата додека постојат Руси“, коментирајќи ги наводите дека Европската служба за надворешни работи им препорачала на европските дипломати да избегнуваат настани на кои учествуваат руски претставници, како и заедничко фотографирање со нив, пренесе ТАСС. - Според мене, сето тоа се половични мерки. Повлекување...

Одржан 33. Марш за ангелите во Кочани

Родителите на починатите  во пожарот во „Пулс“ денеска на 33. Марш за ангелите директно му се обратија на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција барајќи одговор зошто е пробиен рокот за поднесување на обвинение за полициските службеници опфатени со истрагата за трагичниот пожар, пренесе МИА. Според нив,  согласно начелата на владеење на правото, законитост и еднаквост на сите...

Божиновска – Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија – Србија оди напред со забрзано темпо

 Македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со тимот од Секторот за нафта и гас во Министерството и раководните лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во Белград на покана на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ. Главниот фокус на посетата беше забрзаната реализација на гасниот интерконектор меѓу Македонија...

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Гевгелија Мол“

Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Гевгелија Мол“ (Gevgelija Mall), реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население. Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во...

Промовиран реобјавениот „Абецедар – сто години потоа“ со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева – Улчар

Македонскиот буквар „Абецедарот - сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар денеска беше промовиран на  Универзитетот „Скопје“. Јубилејното издание „Абецедарот - сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р...

Зачувувањето на идентитетот не е само обврска, тоа е чин на љубов кон татковината, порача Трајков

По повод 21-годишнината од основањето на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков присуствуваше на свечената академија во Лесковац, во просториите на Културниот центар. На настанот беше истакната долгогодишната улога на Советот во заштитата, унапредувањето и афирмацијата на правата, културата и идентитетот на македонската заедница во Србија, се вели...

Фото: Поддршка за осомничените за воени злосторства во Скопје под слоганот „Јас сум УЧК”

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, почна собирот за поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, кои чекаат судење во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Протестот е во организација на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, под мотото „Јас сум УЧК“. Сообраќајот кај ТЦ „Мавровка“ е затворен за сообраќај. Ахмети вчера во повикот истакна дека протестот е израз на почит кон...