Советот на јавни обвинители ја прифати оставката на обвинителот Мустафа Хајрулахи
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.
Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на...
Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно, истакна Петрушова
Во Собранието денеска се одржува седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со едноминутно молчење, присутните изразија сочувство до семејствата на настраданите во...
Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
Во СВР Велес вчера во 12.35 часот било пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес бил пронајден починат 70 - годишниот велешанец П.Т.
Како што информираа попладнево од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на...
Клековски апелира да се рационализира употребата на тумор маркери
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска изјави дека мора да има јасно насочување на пациентите за тоа која лабораторија во моментот не ги дава бараните услуги за тие да не лутаат посебно кога треба од општата болница да одат во здравствениот дом или обратно, како и да се рационализира употребата на тумор маркери.
До септември годинава,...
Американскиот генерал-мајор Најт го одликува началникот на ГШ на Армијата Лафчиски со Медал за истакната служба
Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, денес престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, во рамки на неговата официјална посета на Република Македонија. По пречекот со високи воени почести, тој оствари средби со началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и со амбасадорката...
Најмалку 17 загинати во голем пожар во деловна зграда во Џакарта
Во пожар во деловна зграда во индонезиската престолнина Џакарта загинаа најмалку 17 лица - соопшти полицијата.
Пламените јазици зафатиле седумкатна зграда. Густиот црн чад што се издигал предизвикал паника меѓу жителите и вработените во централниот кварт на Џакарта.
Рестрикција на железничкиот сообраќај од Битола до Скопје и обратно
Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково.
Од битолската Железничка станица за МИА потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03.10 часот наутро и во 18.22 часот попладне, додека од Скопје за Битола, патничкиот воз...
Филипче најави онлајн петиција во врска со најавите за можен влез на мигранти во земјава
Онлајн петиција најави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава. Доколку се покаже дека таа не е доволна, Филипче најави и други чекори со цел да се спречи евентуален влез на мигранти во земјава.
-По онлајн иницијативата ќе следат...
Д-маноза против уринарна бактериска инфекција
Автор: Ирена Стојаноска, фармацевт
Ешерихија коли (Escherichia coli) е грам негативна бактерија која е откриена уште од 1885 година и е една од најчестите причинители на инфекции на уринарниот систем. Главни симптоми кај оваа инфекција се покачена телесна температура, често мокрење пропратено со болка и непријатност во долниот дел од стомакот и крв во урината.
Природно решение за уринарните инфекции предизвикани...
Постојано течење нос? Можеби е неалергиски ринитис
Автор: Џафер Џафери, доктор по семејна медицина
Вазомоторниот ринитис е воспаление на носната слузница што резултира со кивање, воден исцедок од носот, чешање од носот, нарушено чувство за мирис или назална конгестија. Вазомоторниот ринитис е хронична болест и може да биде предизвикана од различни фактори како што се временски промени, хормонален дисбаланс, ендокрини заболувања, замор, стрес и слично. Поради нејасната...








































