Заштитата на јавните обвинители ќе ми биде приоритет, порача Селими

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Башким Селими порача дека заштитата на сите јавни обвинители во Република Македонија и транспарентноста ќе бидат приоритетите во неговиот мандат. Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители, откако добил едногласна поддршка од колегите по предлогот на Зорица Павловиќ. Во својата прва изјава по изборот, Селими се осврна на приоритетите...

Владата усвои предлог за разрешување на државниот обвинител Коцевски

Владата на седница денеска усвоила предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период. -Причините за оваа иницијатива се...

Силјановска Давкова го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги

Претседателката Гордана Силјановска - Давкова попладнево го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија го одликува со Орден за воени заслуги. Како што беше објаснето, генерал-мајор Најт се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултирала со бројни активности за...

Прекината седницата на Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, продолжението дополнително ќе се закаже

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права и пратеник на Левица, Димитар Апасиев попладнево ја прекина седницата на Комисијата, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Потенцира дека продолжението на седницата,...

Се урна руски воен транспортен авион, сите патници загинале

Transporten voen avion
Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново - соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во авионот имало седум лица - соопшти Министерството. Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале. Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје. Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил...

Да не зборуваме за манипулативни теми, да водиме политика во која ќе си ги вратиме луѓето, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека треба да се смени перцепцијата и да почне да се зборува за позитивни теми, за политика со која, како што рече, ќе си ги вратиме луѓето, а не за измислени, манипулативни теми од страна на „талогот во општеството“. - Логично е дека талогот во општеството, кој е артикулиран во неколку опозициски партии, создава таков...

Стоиме овде за да смениме нешто во државата, бараме правда за нашите деца и за генерациите после нас, порачаа родителите на настраданите пред Анкетната комисија

Денеска стоиме овде за да смениме нешто во оваа држава. Бараме само правда, но вистинска правда за нашите деца и за генерациите кои ќе дојдат после нас, порачаа денеска пред Анкетната комисија родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. Тие се пожалија дека со нив се манипулира и дека се уште не ги добиле одговорите на, како што истакнаа, клучните прашања. -Не...

Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека во земјава ќе се градат кампови за мигранти и дека ќе се примаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека за таква тема не е разговарано со Велика Британија. - Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден...

Лично сметам дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија, бидејќи одредени докази и сведоци можат да се компромитираат, смета Коцевски

Ljubomir Kocevski
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски смета дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија за трагедијата во Кочани, бидејќи како што вели одредени сведоци и докази можат да се компромитираат. Коцевски добил и официјално барање од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши за Анкетната комисија. -Во однос на формирањето на Анкетна комисија имав...

Путин нема намера да го обнови Советскиот Сојуз ниту да го нападне НАТО, истакна Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни, а тврдењата дека рускиот претседател планира да нападне земја членка на НАТО се „целосна глупост“. - Тоа не одговара на реалноста - рече Песков коментирајќи ја изјавата на Мерц, кој милитаризацијата на земјите од НАТО...