Кај 14 јавни здравствени установи се утврдени неправилности во работењето, соопшти Клековски

Кај 14 јавни здравствени установи од кои две во Скопје се утврдени неправилности во работењето, покажала вонредната контрола на работењето и финансиското управување на службите за Итна помош и на Домашна посета на целата територија на државата, што ја спроведе Фондот за здравствено осигурување. - Од 37 јавни здравствени установи од кои 29 надвор од Скопје и осум во подрачјето...

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

На 11/12.12.2025 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е полициска акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство”, „перење пари и други приноси од казниво...

Мировниот предлог на Трамп за Украина содржи и детали за рокот за членство во ЕУ, објави Фајненшл тајмс

Украина треба да се приклучи на Европската Унија до 1 јануари 2027 година, се наведува во мировниот предлог што се разгледува како дел од преговорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, објави денеска Фајненшл тајмс, пренесува МИА. Предлогот е договорен меѓу американски и украински претставници, со поддршка на Брисел, соопшти ФТ, повикувајќи се на...

МФ: Запишани граѓански обврзници од над 2 милијарди денари, одржана аукцијата за третата емисија

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информира Министерството за финансии. На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една...

Скопскиот аеродром со три милиони патници, до крајот на годината се очекуваат 3,2 милиони

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилиониот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер. - Го достигнавме три милиониот патник  во една година,...

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Советот на ЕУ денеска го усвои предлогот од 1 јули 2026 година да започне наплата на фиксна царина од три евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ од трети земја. Оваа мерка во најголем дел ќе се однесува на пратките со производи кои жителите на ЕУ ги нарачуваат преку платформите за е-трговија,...

„Илинден“-Тирана му посакува успешна кариера на Клодиан Брахо и очекува приоритетна истрага за незаконско издавање на уверенија за бугарско потекло од албански локални институции

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на Клодиан Брахо, кој беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК). Друштвото очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023...

Божиновска: Енергетиката мора да е простор каде што жените не се исклучок, туку правило

Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард и ние тој стандард го прифаќаме не само затоа што мораме, туку затоа што веруваме во држава која нема привилегирани и непривилегирани граѓани, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање на Конференција „Родовата еднаквост како камен-темелник на пристапувањето кон ЕУ“,...

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, соопшти ЦУК. Авионот, како...

Мицкоски: Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет ако кандидатите ги исполнуваат законските услови

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во врска со предложениот кандидат за Судскиот совет, рече дека Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет доколку кандидатите ги исполнуваат законските услови. -Тој е кандидат којшто го гласа Парламентот и како член во Судскиот совет од редот на малцинствата што се повеќе од 20 проценти, во...