Албанските граѓани престојуваат во странство подолг временски период од оние на другите земји од Западен Балкан
Албанија е на прво место меѓу земјите од Западен Балкан по процентот на граѓани кои престојуваат во странство подолг временски период, иако е забележан пад во 2024 година.
Според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7 отсто од анкетираните албански граѓани изјавиле дека живееле надвор од Албанија повеќе од три месеци, бројка повисока од онаа на другите земји во...
Ѓорѓиевски на увид на „Љубљанска“, се активира проект за пуштање во употреба на мостот во Карпош
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој, повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје, соопштија...
Магла на планинскитете премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони.
ЈП...
Мерц ја нагласи одговорноста на Германија кон Европа во божиќното обраќање
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја истакна посветеноста на неговата влада на обезбедување мир и безбедност во Европа во своето божиќно видео обраќање, објави ДПА.
- Овие месеци и години се за мир, безбедност и просперитет за целиот наш континент“, рече Мерц, цврст поддржувач на Украина, во видео објавено денеска. „Во овој дух, се чувствуваме посветени на Германија и Европа. Од...
ЕУ е состојба на распаѓање и се движи кон војна, вели Орбан
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.
- Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба - посочи Орбан.
Тој се...
Малолетна жртва од Тетово принудена на дрога и сексуална експлоатација, пет лица приведени
Малолетно девојче од Тетово, на 15-годишна возраст, било доведено во заблуда дека ќе започне љубовна врска, а потоа со закани и уцени било принудено на употреба на опојни дроги и сексуална експлоатација, утврдила истрагата на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, кој денеска поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово.
Како што соопшти МВР, првопријавениот...
Апелационен суд им ги зголеми затворските казни на двајцата директори осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година животите ги загубија 14 луѓе.
Со одлука на Апелационен суд, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница...
Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции
Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции.
-...
Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.
Пред Судот беа сослушани двајца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија.
Прва беше...
Уставниот суд поведе постапка за уставноста на измените на Законот за платите на судиите
Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната и законодавната власт. Ова го соопшти денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одржувањето на седницата на која уставните судии расправаа по иницијативите за поведување на постапка за уставноста на...








































