Папата Лав Четиринаесетти ја служеше својата прва миса во црквата Свети Петар

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти ја служеше својата прва полноќна божиќна миса во базиликата Свети Петар, при тоа ги потсети верниците на нивната должност да им помогнат на сиромашните и на странците. Тој во проповедта наведе дека Исус, кој е роден во штала, бидејќи немало место во гостилницата, им покажува на следбениците дека одбивањето да им се помогне...

Тагата се случува, но поминува

Тоа е динамичен процес, при кој треба да најдеме начин да се помириме со новата реалност и да најдеме ново значење Болката, загубата и разочарувањето се само некои од познатите причини за тага. Ана Родиќ, советничка за личен и професионален развој, објаснува дека тагата е природен емотивен одговор на загубата - не само на одредена личност туку и на...

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица ММММ...

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Верниците на Римокатоличката црква и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше Божиќна полноќна света литургија. По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р...

Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати, вели Песков

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој, исто така, за РБК изјави дека руската страна продолжува да работи под претпоставка дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина не треба да бидат јавни. РБК го контактираше прес-секретарот на рускиот претседател...

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на телевизија Телма. -Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над...

Анкета: Повеќето Руси очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година

Мнозинството руски граѓани очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година, објави денеска рускиот државен центар за истражување на јавното мислење ВЦИОМ, а заменик-директорот Михаил Мамонов изјави дека 70 проценти од 1.600 испитаници во анкетата на ВЦИОМ веруваат дека 2026 година ќе биде „поуспешна“ за Русија од тековната година, додека 55 проценти го поврзаа овој оптимизам со можниот...

Албанските граѓани престојуваат во странство подолг временски период од оние на другите земји од Западен Балкан

Албанија е на прво место меѓу земјите од Западен Балкан по процентот на граѓани кои престојуваат во странство подолг временски период, иако е забележан пад во 2024 година. Според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7 отсто од анкетираните албански граѓани изјавиле дека живееле надвор од Албанија повеќе од три месеци, бројка повисока од онаа на другите земји во...

Ѓорѓиевски на увид на „Љубљанска“, се активира проект за пуштање во употреба на мостот во Карпош

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој, повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје, соопштија...

Магла на планинскитете премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП...