Се стеснува обрачот за екстремистичките и скриено-радикални експликации
Последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се логично продолжение на една иста политичка линија што трае повеќе од две децении
Денес, од оваа временска дистанца и со новите јавни закани за немири, дестабилизација и условување на уставниот поредок, станува сè појасно дека „човековите права“ биле политичка обланда, а вистинската била – сепаратизам, односно обид за менување на...
Почина македонската фудбалска легенда Васил Рингов
ИН МЕМОРИАМ
Легендата на македонскиот фудбал, Васил Рингов, почина на 70-годишна возраст. Роден во Струмица, Рингов ја почна кариерата во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар, за кој одигра повеќе од 200 натпревари во поранешните Прва и Втора југословенска лига, постигнувајќи 92 гола. Во кариерата настапуваше и за Партизан, Тетекс, Динамо Загреб...
Карлсен прв носител и во забрзан и во брз шах
КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ФАВОРИТИ НА СП 2025
Со 12 титули тој е убедливо најуспешниот играч
Последната недела од календарската година значи едно нешто во шахот, а тоа е Светско првенство (СП) во забрзан и во брз шах, од утре во Доха (Катар). Норвежанецот Магнус Карлсен доминираше во претходните години. Додека новата млада генерација на супервелемајстори брзо расте, на листата на...
Со лажен патриотизам се забошотуваат основи на сомневање за сторен криминал
Зад политичката поддршка за поранешните лидери на УЧК има и изразито лукративни намери на политички првенци и во Албанија и во Македонија
Албанските политичари од регионот навидум усвоија заедничка стратегија што ја применуваат секогаш кога ќе се соочат со обвиненија за сторен криминал и корупција или со пад на рејтингот - да упатат поддршка за поранешните косовски лидери на...
Божиќна порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака.
- Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. Бог се воплоти за да...
Нема менување на границите на Балканот!
Повод: Законот за овластување за национална одбрана на САД за 2026 година (3)
Ова е порака и до Европа и до Брисел и до внатрешните и легално и илегално организирани структури во државите на Западен Балкан, а тоа е дека Законот за овластување за национална одбрана на САД за 2026 година јасно и недвосмислено се спротивставува на сите идеи...
Едвардс ја замени тремата од скијачките скокови со сценска трема
Се надевам дека ќе ги охрабрам другите луѓе да станат и да го остварат својот сон, изјави за АП Мајкл Едвардс, првиот британски олимписки скокач со скии, кој потоа речиси нема нешто што не направил откако влезе во центарот на вниманието. Снимал песни, танцувал на мраз, снимал реклами и зборувал со часови за она што најдобро го знае:...
Што е карактеристично во стручното образование и обука, наведено во нацртот на НСО 2026-2032
Сеопфатен серијал за воспитно-образовниот процес како придонес кон јавната расправа за нацртот на Националната стратегија за образование 2026-2032 со Акционен план 2026-2028 (8)
Во рамките на јавната расправа за искажување одредени согледувања, анализи и ставови во врска со нацртот на Националната стратегија за образование 2026-2032 со Акционен план 2026-2028, доставен до јавноста, „Нова Македонија“ публикува серијал на текстови-опсервации од...
Естетиката како п(р)ојава на етиката?!
Уметноста мора да е естетска, ама и не мора да е етичка, така често велат луѓе поврзани со уметноста, во уметничките кругови, како и самите уметници и катедри... Не знам откога датира ваквото тврдење (не е ново), со кое јас не се согласувам во целост. Најверојатно потекнува од некои, би рекол, површни претстави за уметноста и од непознавањето на...
НБА и ФИБА во јануари ќе продолжат со разговори за професионална лига во Европа
КОШАРКА
Покрај постојаните места, новата лига ќе им понуди на сите тимови во домашните лиги поврзани со ФИБА во Европа годишен пат за пласман базиран на заслуги на годишна основа, и тоа или преку Лигата на шампионите на ФИБА или преку квалификациски турнир на крајот на сезоната, објави НБА
Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) објавија дека...








































