Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3...
Силјановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видео-конференциска врска им се обрати на македонските мировници.
Во присуство на нивните семејства, таа на припадниците на Армијата, кои се на работни задачи во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и во Германија, им се заблагодари за успешното извршување на тешките задачи...
Пред Нова година и Божиќ, кога светот се радува, кај нас празниците болат најмногу, порачаа семејствата на загинатите во „Пулс“
Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во емотивните говори на последниот Марш на ангелите оваа година порачаа дека ова не е само марширање, туку одење со срце што е скршено засекогаш.
-Ние сме родителите што нема да дочекаат матура. Нема да стојат гордо на дипломирање. Нема да...
Граничниот премин Евзони повторно затворен
Од 17:10 часот Граничниот премин Евзони е блокиран за секаков вид на сообраќај за влез и излез од Грција, информира АМСМ. Како што претходно информираше МИА грчките земјоделци денеска на четири часа го затворија граничниот премин за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне најавија втора четиричасовна блокада...
Збогување со професор Кирил Темков, таткото на етиката во Македонија
Денеска не непушти универзитетскиот професор во пензија Кирил Темков, кој предаваше Етика и Естетика на Филозофскиот факултет во Скопје, како и Филозофија на менаџерство на Институтот за филозија при Филозофскиот факултет. Според негови учебници се изведува факултативно настава по етика во основните и во средните училишта во земјава.
Повеќе од 20 години во додатокот за деца „Колибри“ во дневниот весник...
Нетанјаху и Трамп в понеделник ќе се сретнат во Флорида
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во недела ќе отпатува за САД, каде што во понеделник во Флорида ќе се сретне со блискиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, изјави за француските медиуми израелски функционер.
Според локалните медиуми, програмата на посетата ќе биде исполнета со многу содржини, вклучувајќи дискусии за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Тоа ќе биде...
СДСМ бара исклучување на Деспотовски, тој вели дека го оставиле без зборови
Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ денеска излезе со реакција по најавата на СДСМ дека бара негово исклучување од партијата, изразувајќи јавно разочарување од одлуките на актуелното раководство и со констатација дека не очекувал од неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар.
-Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија...
Украинската антикорупциска агенција обвини неколку пратеници за примање мито
Украинската антикорупциска агенција (НАБУ) денеска обвини неколку украински пратеници за примање мито во замена за гласање во Парламентот, што е нов скандал, откриен непосредно пред заминувањето на претседателот Володимир Зеленски во САД на разговори за мировниот план.
НАБУ објави на Телеграм дека открила „организирана криминална група составена од сегашни членови на Парламентот“, кои „систематски добивале нелегални предности за да гласаат...
Нема територијални отстапки и не се дава Запорожје, Зеленски со „црвени линии“ оди на средба со Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД на средба со претседателот Доналд Трамп, а во пресрет на клучните разговори, тој постави јасни „црвени линии“ за кои нема да се преговара.
Зеленски нагласи дека Украина нема да отстапи од својот територијален интегритет ниту да се откаже од контролата врз нуклеарната централа Запорожје, а во исто време бара силни безбедносни гаранции -...
Граничниот премин „Богородица“ е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
Во 11 часот денеска поради протестот на грчките земјоделците ГП „Богородица“ (Евзони) е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од...








































