На булеварот АСНОМ во Скопје оштетени 34 патнички возила

Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР. - Денеска во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27 декември до 9 часот 28 декември, на паркинг простор на булеварот АСНОМ, е извршено оштетување на 34 патнички возила со...

Трамп: Имав многу добар разговор со Путин пред средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида. „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Путин пред мојата средба во 13 часот по локално време денеска со претседателот на Украина, Зеленски. Средбата ќе се одржи...

Игор Станоески со изложбата на слики „Кратка хронологија“ се збогува од 2025 година

„Кратка хронологија“ е насловена изложбата на Игор Станоески ака Иги Мен, мултимедијален автор, академски скулптор, но и музичар, композитор-аранжер, текстописец и продуцент, што ќе биде отворена во вторник, 30 декември, во скопското „Бифе Тафталиџе“ во 20 часот. Според авторот станува збор за краток хронолошки осврт на последниве 6 години од неговото творештво и ќе бидат изложени селектирани дела од изминати...

Почина Брижит Бардо

На 91-годишна возраст почина Брижит Бардо, француската актерка која се здоби со светска слава како секс симбол, пред да ѝ го сврти грбот на филмската индустрија и да стане активистка за права на животните. Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот...

Што навистина сака мозокот?

Автор: Д-р Ирена Скендероска Митреска, невролог Како невролог, често им го поставувам истото прашање на моите пациенти: „Како спиете?“. Не прашувам од љубопитност, туку затоа што квалитетот на сонот, нивото на стрес и секојдневната рутина се трите столба врз кои почива здравјето на мозокот. Мозокот е исклучително сложен орган, но истовремено и чувствителен – тој не сака хаос, туку предвидливост,...

Важноста на колагенот за коските, тетивите и зглобовите

Автор: Д-р Елизабета Димоска Чифлигароска, специјалист физијатар, супспецијалист ревматолог Колагенот е еден од најважните протеини во човечкото тело и претставува основен „градежен материјал“ за сврзното ткиво. Тој сочинува околу 30% од вкупниот протеин во организмот и има клучна улога во здравјето на коските, тетивите, лигаментите, зглобовите, кожата и крвните садови. Иако често се поврзува со убавината и младешкиот изглед на...

Прашањето за Тајван се наоѓа во самото јадро на основните интереси на Кина и претставува првата црвена линија што не смее да се премине 

Коментари на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, за контрамерките против продажбата на американско оружје на кинескиот регион Тајван - Министерството за надворешни работи на својата официјална веб-страница објави одлука за преземање контрамерки против 20 американски воени компании и 10 високи раководители. Дали имате дополнителен коментар? Како одговор на најновото соопштение на САД за продажба на оружје во голем...

81 година „Зборуе Радио Скопје“: Рамнотежата меѓу традицијата и иновацијата е клуч за опстанок и кредибилитет

Разговор со Наташа Андрееска, главна и одговорна уредничка на Македонското радио, радио Скопје На 28 декември 1944 година, во услови на штотуку завршена војна и раѓање на македонската државност, од Скопје за првпат одекнаа зборовите: „Зборуе Радио Скопје“ искажани од Владо Малески-Тале. Со таа реченица не започна само историјата на едно радио, туку и историјата на македонскиот јазик во електронските...

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во соопштение објавено денеска. Во интервју за руската државна агенција, Лавров, исто така, ја повика Јапонија „внимателно да размисли“ за она што го опиша како пат кон милитаризација. Лавров во интервјуто изјави дека...

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3...