На последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка. Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и за пензиско и инвалидско осигурување. Пратениците ги изгласаа и измените на законите за трговија и за инспекциски надзор. На седницата беа донесени и Одлуката за одобрување...

Граничниот премин Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

АМСМ информира дека ГП Евзони (Богородица) од 17 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила. - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата - соопшти АМСМ. Во сила...

Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата, соопшти Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин му кажа на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор по наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција, објави денеска Кремљ. Според Кремљ, Путин го информирал Трамп за нападот за време на денешниот телефонски разговор и му рекол дека токму инцидентот довел до промена на ставот на Русија во...

Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?, прашува Круме таткото на прегазената Теодора

tatko na pregazena Teodora
Со писмо до јавноста во кое посочува дека нивното семејство живее и понатаму со неправда, се обрати Круме Ристовски, таткото на 22 годишната Теодора која во 2022 почина откако прегазена на пешачки премин. Четириест и девет- годишниот возач Менсур Пајазити, беше осуден на две години затвори за смртта на Теодора, па таткото Круме пишува дека за исто такво дело...

До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража, истакна Алиу

Parking, Klinicki centar
Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со 'смарт' - инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот информираше и дека заедно со...

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци, пресуди судот во Кавадарци - информираа попладнево од Јавното обвинителство. - По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство - Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело - убиство од член 123 став 2 точка 4...

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Покрај затворската казна, на обвинетиот му е изречена и забрана за управување со моторно возило...

На полноќ горивата поскапуваат за половина денар

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска  Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС  95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС - 98, 72,50 денари, на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65...

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња

Klinika za genikologija
Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел од реализираните проекти на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во рамките на процесот на реконструкција и набавка на нова опрема. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Клиникиката Ирена Алексиоска Папестиев. За реновирање...

Годишен извештај на Македонско друштво „Илинден”-Tирана за 2025 година

Македонското друштво „Илинден“-Тирана е формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана со цел заштита и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Од 16 мај 2015 година, друштвото е членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и активно учествува во Работната група на словенските малцинства (АГСМ). Во текот на 2025 година, Македонското друштво „Илинден“-Тирана реализираше значаен број...