Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер без договор
Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и брат му, Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов-Деко, а парите секогаш ги добивал во кеш, како што пренесе МИА.
-...
Почнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар, изјави Ѓорѓиевски
Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје - трајно го решаваме проблемот со паркирањето, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Денеска, посочува градоначалникот, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба...
Во Србија камионџиите блокираат 15 гранични премини
Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево.
Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген зоната, поради ограничувањето на престојот...
Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на браниители, изјави Груевска-Илиевска
Судијката Дијана Груевска-Илиевска пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, повика на ред и дисциплина во судницата порачувајќи дека „без ред, нема судење" и предупреди дека секое нарушување на јавниот ред ќе биде казнето и дека тоа се однесува за сите во постапката, како...
Потпишан меморандум за културна соработка меѓу Националната галерија и Музејот на современата уметност од Белград
НУ Национална галерија склучи меморандум за културна соработка со Музејот на современата уметност од Белград (Република Србија). Меморандумот за културна соработка е потпишан на неопределено време меѓу Маријана Колариќ, директорка на Музејот на современата уметност на Република Србија, и Али Синани, директор на Националната галерија на РС Македонија.
Предмет на овој меморандум се меѓусебна поддршка и соработка меѓу Музејот на...
Институтот „Фејмс“ со две концертни вечери во Скопје
Во Македонската филхармонија во февруари ќе настапуваат млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници
Во февруари институтот „Фејмс“ ја претставува својата концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери што ги отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на нивните оркестарски едукативни програми. На сцената ќе настапат 30 внимателно селектирани млади европски музичари, како кулминација на интензивна...
Унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Шпанија
Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам „Фитур 2026“ во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на шпанско-македонското културно здружение „Сонце“. Средбата беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на македонското културно наследство и продлабочување...
„Приказни од Пизуловата воденица“ – нов роман за деца од Киро Донев
„Македоника литера“ деновиве објави нова книга за деца на Киро Донев – еколошкиот роман „Приказни од Пизуловата воденица“.
Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чија иднина зависи од нивниот однос кон природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина. Приказната во него е и порака и апел, децата...
Големиот ракомет оди во заборав, доаѓа „малиот“
Од ракометното минато (8)
На поранешните југословенски простори малиот ракомет први го заиграле загрепските екипи. Во Македонија втемелувач на новата игра бил РК Работнички, кој во 1952 година го организирал и првиот турнир во мал ракомет
Неколку години во Македонија вниманието на спортската јавност, освен кон фудбалот, беше насочено и кон големиот ракомет. За оваа игра и за резултатите што...
Домен Превц на убедлив начин ја продолжи доминацијата
ПО ОСВОЕНАТА ТИТУЛА И НА СП 2026 ВО СКИЈАЧКИ ЛЕТОВИ
Тој во саботата стана светски првак во скијачки летови, сезонава победи и на престижниот натпревар „Четири скокалници“ и убедливо води во Светскиот куп, а од лани е и светски рекордер и светски првак во скијачки скокови
Домен Превц ја освои својата прва индивидуална светска титула во скијачки летови, откако победи...







































