Кина и ЕУ не се ривали, изјави кинескиот министер за надворешни работи

Кина и Европската Унија се партнери, а не ривали, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со Емануел Бон, дипломатскиот советник на францускиот претседател Емануел Макрон. - Пекинг и Брисел се придржуваат до исти или слични позиции за прашања како што е поддршката на принципот на мултиполарност и се способни да ги решаваат трговските спорови преку...

Пресечен транспорт на 150 килограми марихуана, приведени три лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вчера до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што информира МВР, на 26 јануари 2026 година М.З. од лице од...

Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и постојаниот претставник...

Кандидатурите за петмината кандидати за државен јавен обвинител испратени во Влада

Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени во Владата, информираат за МИА од собраниската прес-служба. Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од...

Седумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел

Регистарот на вистински сопственици, односно луѓе кои имаат корист од една фирма т.е. не само оние кои се регистрирани како директори или сопственици, туку кои крајно имаат корист од таа фирма е основан во 2021 година, но тој речиси и да не се користи од надлежните институции во борбата против корупцијата. Истражување направено од Центарот за граѓански комуникации покажува дека...

Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија, Маричиќ претседател

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и...

За судијата Ристов, Судскиот совет постапи по барањето, сега истрагата ќе утврди тоа што е потребно, истакна Камбовски

Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд, и да дозволиме сега истрагата да утврди тоа што е потребно, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски прашан за став по одземањето на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело откако во домот...

Обвинителството оформи предмет за постапување по ревизорски извештај за Општина Охрид

Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Како што информираат од Обвинителството, оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки. Државниот завод за ревизија (ДЗР) вчера информира дека Општина Охрид...

Сега е моментот да ги отвориме вратите за прием во членство на земјите од Западниот Балкан, истакна Рауна

Marilena Rauna
Со години повторуваме дека Западниот Балкан е дел од Европа и сега е моментот да го покажеме тоа и конечно да ги отвориме вратите за прием во членство на земјите од регионот, изјави заменичката-министерка за европски прашања на Кипар, Марилена Рауна при презентирањето на приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија пред Комитетот за надворешни работи на...

Ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив, рече Камбовски за одлуката на Врховен по предметот со Савовска Димитровска

Кога Советот за жалби при Врховниот суд укинува наша одлука, секако дека ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив со цел да донесеме правилна, законита одлука, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, прашан за став откако апелациската судијка Наташа Савовска Димитровска, на прес - конференција го повика Советот при повторното постапување по одлуката за нејзино разрешување да „се...