Времето денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег.
Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10...
Камионските превозници четврт ден со блокади на граничните премини
Поради протест на камионските превозници, и денеска се блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ...
Нема потреба од понатамошни воени дејствија на САД во Венецуела, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека новите лидери на Венецуела се движат кон поблиски врски со Вашингтон и дека нема непосредна потреба од понатамошни воени дејствија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на својата администрација да соработува со Делси Родригез, сојузник на уапсениот од САД претседател Николас Мадуро, која дејствува како претседател на Венецуела наместо него, и...
Русија ги поддржува напорите на Дамаск за враќање на целосна контрола врз цела Сирија, истакна Путин
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали сирискиот претседател Ахмед Ал-Шара денеска за напредокот во враќањето на територијалниот интегритет на Сирија откако владините сили повторно зазедоа големи делови од територијата што ја држеа курдските сили.
Путин рече дека неговата земја ги поддржува напорите на Дамаск за враќање на целосна контрола врз цела Сирија.
- Внимателно ги следевме вашите напори за враќање на...
Делумно расчистен патот Берово – Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Сообраќајот на регионалниот пат Берово – Струмица, кој претходно беше целосно блокиран поради поголеми наноси од одрони, според информации од терен во моментов се одвива по една коловозна лента.
Како што информираа од ЈП „Македонијапат“, екипи за одржување на патот интервенираа и почнаа со расчистување на одроните.
-Во моментов, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Дел од одроните се веќе...
Рубио истакна дека разговорите за Гренланд почнале денес и дека треба да донесат добар исход за сите
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека техничките разговори меѓу САД и Данска и Гренланд во врска со интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за данската територија започнуваат денеска, наведувајќи дека е воспоставен „професионален процес“ што треба да доведе до „добар исход за сите“.
Тој изјави пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат дека, обраќајќи се пред сенаторите, состаноците...
Сакаме соработка со Европа, им порача претставникот на САД Ендру Пуздер, на европратениците од Комитетот за надворешни работи
Сакаме соработка со Европа, им рече денеска на европратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент постојаниот претставник на САД во институциите на ЕУ во Брисел, амбасадорот Ендру Пуздер.
Промените во европското законодавство би биле од голема корист, додаде тој, и повика на олеснување на работењето на технолошките компании од неговата земја во Европа. Според него, економијата наскоро ќе...
Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Како што информираат Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонијапат“, снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево.
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.
Сите други патни правци во државата...
ФОТО: Протест на ССМ за зголемување на минималната плата
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред Работничкиот дом изјави дека „работниците повеќе нема да им се молат на Владата и газдите, туку ќе се борат...
Обвинителство постапува по предмет оформен по допрен глас, откако д-р Митрев јавно изнесе тврдења за притисок за продажба на сопственички удели
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен глас од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, откако доктор Жан Митрев јавно изнесе тврдења дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство вршеле притисок врз него за продавање на сопственичките удели во Клиниката „Жан Митрев“ – Скопје, пренесе МИА.
Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен...







































