Сичуанската оперска трупа ќе го збогати пријателството меѓу Кина и Македонија
ГАЛА-ВЕЧЕР ПО ПОВОД КИНЕСКАТА НОВА ГОДИНА
Гала-вечер со Сичуанската оперска трупа од покраината Сичуан, Струковиот универзитет за уметности „Ченгду“ и театарското друштво „Џингџу“ од Пекинг, по повод кинеската Нова година, насловена „Културна Кина · Прекрасниот Сичуан“, ќе се одржи вечерва и утревечер во Македонскиот народен театар во Скопје. Настанот се организира со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во...
Превенција за поголема совесност и одговорност, помалку прекршоци и за побезбеден сообраќај
Новинарска опсервација: Сообраќајниот систем „Сејф сити“ во фокусот
Почетокот на примената на системот „Сејф сити“ на улиците и патиштата низ Македонија во изминатите три дена означи нов начин на сообраќаен надзор, кој веќе ги покажува ефектите преку забележано значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба со двомесечниот тест-период, што се должи и на поголемата совесност на возачите откако...
DE PROFUNDIS. РАЗМИСЛИ ЗА ХРИСТОС (4)
Женскиот принцип во божјо озарение е, колку и да изгледа едноставно тоа, едно од најважните божествени антрополошки откровенија. На таа тема размислуваше и Јунг, човек со „широк и гостољубив ум“ како што вели Борхес, па во своите есенцијални анализи на својата архетипална длабинска психологија го поздравува неговото вознесение, олицетворено во Богородица, која го комплетира машкото Свето Тројство, нешто на...
На трасата за изградба на гасовод во гевгелиско, пронајдени гранати од Првата светска војна, ДЗС безбедно ги отстрани
По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата на која се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати во калибар од 75 милиметри.
Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС - Зоран Пеeв од Штип.
- Станува збор за...
Глобалниот систем за човекови права е во опасност, вели Филип Болопион, извршен директор на Хјуман Рајтс Воч
Организацијата Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch) ја наслика една од своите најмрачни слики во последните години за состојбата со човековите права во светот во својот Светски извештај 2026, објавен денеска, јави ДПА.
- Глобалниот систем за човекови права е во опасност. Под постојан притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и упорно поткопуван од Кина и Русија, меѓународниот поредок заснован...
Изложбата на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станичиќ во КИЦ – Скопје
Во галеријата „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар во Скопје, на 5 февруари, со почеток во 18часот и 30 минути, ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станичиќ.
Станичиќ (Сплит, 1954) е хрватски фотограф и поранешен дипломат. Дипломирал на Правниот факултет во Сплит во 1977 година, каде што работел како асистент и предавач по кривично право од 1978...
Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан...
САД соопшти дека и вратиле на Венецуела 500 милиони долари од првичната продажба на нафта
Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен.
Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства.
Функционерот рече дека Венецуела официјално...
Судир на чамец и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, загинаа 14 мигранти
Безживотните тела на 14 мигранти биле извлечени од морето во близина на грчкиот остров Хиос по судар на чамец со мигранти и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, додека пак повредени се 24 спасени мигранти и двајца припадници на крајбрежната служба, а во тек е акција за спасување за евентуално исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот...
Убиен синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам Гадафи
Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, почина, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали.
Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен.
- Саиф ал-Ислам е убиен во предавнички и кукавички чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан - соопшти...





































