ЕУ почна да ги трга настрана фалшивите алатки

Откако ја промаши работата со професионалните возачи од регионот, ЕК се коригира и за ЕЕС На одлуката на ЕК за одложување влијаеше состојбата на терен, која покажуваше целосен колапс на границите дури и во време кога не е почната туристичката сезона. Иако влезе во втората фаза од имплементацијата, кога ЕЕС „работи“ подолго време на ден, со сигурност може да...

Ковентри: Нашата игра е спорт

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИОК ВО ПРЕСРЕТ НА ЗОИ 2026 Ако сакаме да останеме силни, мора да ги поместиме сопствените граници, да бидеме искрени за тоа што функционира, а што не функционира. Олимписките игри се посилни од кога било, но за да ги одржиме такви, мора да продолжиме да се развиваме, а тоа почнува со еден од најважните разговори што претстојат,...

Суверенизмот како трансатлантски бунт против либералната ЕУ-наддржава

Од Вашингтон до Брисел: Што ќе ја обликува политичката иднина на т.н. Запад во наредната деценија? Суверенизмот што го персонифицира Доналд Трамп во САД не е изолиран американски феномен, туку дел од поширок трансатлантски тренд. Неговата суштина – отпор кон наднационални центри на моќ, бирократски елити и идеолошки униформизам – има јасни паралели и во Европа, особено во некои од...

Ракот е втората најчеста причина за смрт во Македонија, велат од ИЈЗ

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. - Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на...

„Американска граѓанска војна 2.0“?!

Редакциски осврт: Зошто дел од американската елита верува дека веќе започнал внатрешен конфликт во САД? Кога Илон Маск - човек што истовремено е технолошки визионер, милијардер, сопственик на „Икс“ и политички сè погласен актер - ќе каже дека „веќе започнала граѓанска војна во САД“, тоа не е случајна или импулсивна изјава. Таа е симптом. Не толку на реална војна со...

ЕК најавува флексибилен пристап и нова визна стратегија за транспортниот сектор

Одложениот ЕЕС - отворена врата за решение за превозниците Воведувањето на биометриската евиденција за влез и излез во шенген-зоната, преку т.н. ЕЕС (Entry/Exit System), наместо од почетокот на април, се одложува за септември оваа година. Оваа одлука, која беше соопштена по онлајн состанокот меѓу претставници на Европската комисија и министрите од земјите од Западен Балкан, се смета за прв...

Трамп: дијаметралните антиподи на една иста личност

Од политичка гледна точка, претседателот Трамп не се вклопува во традиционалната рамка на американската надворешна политика. Тој не е ниту класичен неоконзервативен интервенционист, а далеку од тоа дека е либерален интернационалист. Наместо тоа, неговиот пристап може да се опише како „трансакциски реализам“. Барем во таква дефиниција се обидуваат да го вкалапат... Во современата светска политика ретко се појавуваат лидери...

Некои од ѕвездите што ќе настапат на ЗОИ 2026

Шифрин, Мекдејвид и Лирдам се меѓу мноштвото големи имиња што се надеваат дека ќе приредат шоу на Зимските олимписки игри во Италија, пишува ИОК Најголемите ѕвезди на зимските спортови се во Италија за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д’Ампецо, кои почнуваат утре. Од актуелни шампиони до таленти во подем, сцената е поставена за најдобрите...

САД и Мексико претставија заеднички план кој повикува на координирани трговски политики

САД и Мексико претставија заеднички план кој повикува на координирани трговски политики за намалување на ранливоста на синџирите за снабдување со ретки метали во следните 60 дена. Планот, кој не ја споменува Кина и нејзината доминација во преработката на многу од овие суровини, ги повикува САД и Мексико да разговараат за поставување минимални цени како дел од мултилатерален трговски договор. Потпретседателот...

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“ објави денеска Месната заедница Галичник. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 19 февруари, а одлуката ќе биде соопштена во март 2026. Заинтересираните парови треба да се пријават на е-адресата [email protected], со назнака: „За избор на зет и невеста – Галичка свадба 2026“. Во пријавата треба накратко ќе ја...