Почна расправа за укинување на техничката влада: СДСМ бара повлекување, власта тврди дека институциите се зрели
На денешната седница на собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна амандманска расправа по предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со чии измени се предвидува укинување на техничката влада.
Заменик-претседателот на Комисијата, Јован Јаулески, информира дека за предлог-законот се поднесени поголем број амандмани и даде пауза затоа што, како што рече, амандманите не биле технички обработени...
Драмски театар Скопје со „Болва в уво“ настапува на фестивалот РУТА во Тиват
Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА.
Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на...
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
Во недела (26.04.2026) во периодот во девет часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко...
На Тумбе Кафе во Битола, на стотина метри од куќите, пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства
На Тумбе Кафе во Битола, на стотина метри од куќите, пронајдени се 1.067 неексплодирани убојни средства, рачни бомби и минофрлачки гранати, но има и тромблонски гранати останати од Првата Светска војна, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Во изјава за медиумите, Ангелов посочи дека според стручните лица на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува...
Расправа во Собрание за семејното насилство: Потребни нови центри, законски измени и економска поддршка за жртвите
Претставници на надлежни институции, граѓански организации и пратеници денеска се вклучија во надзорната расправа посветена на спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Повеќе центри, во кои жртвите на семејно насилство ќе бидат згрижени, овозможување услови за привремени живеалишта за овие жртви...
Алиу: Освен семејно, постои и институционално насилство – здравството ќе воведе систем за рана детекција и поддршка
Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот - изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците...
Уапсени двајца Романци откако од 83-годишна жена одзеле пари и злато вредно 300.000 денари
Лишени од слобода биле двајца романски државјани откако во полиција било пријавено дека измамиле скопјанка и одзеле пари и златен накит.
- Синоќа околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР - Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка....
Дурмиши: Економско-социјалниот совет се издигнува на стратешко ниво – 40 милиони евра за вработување во 2026
Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде што социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките - изјави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки...
Зоран Ристоски е избран за нов директор на МРТ
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ го избра Зоран Ристоски, информираше Македонската радио телевизија.
- Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се...
Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните билатерални, македонско-американски одбранбени консултации на кои со, заменикот-помошник секретар за војна, Дејвид Бејкер и тимот од САД разговараше за регионалната безбедност, за развојот на Армијата преку процесот на модернизација и опремување, инвестициите во одбраната и новите можности за развој на стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.
- Нашите билатерални одбранбени...








































