Нема документи за деловна соработка меѓу „Пулс“ и агенцијата „Рубикон“, тврди сметководителката
Вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ денеска на судењето за пожарот во „Пулс“ сведочеше дека никогаш не сретнала материјален документ што би покажувал дека помеѓу „Пулс“ и „Рубикон“ постоела деловна соработка.
На прашање од обвинителот дали во материјалното работење некогаш изготвиле или виделе фактура со назнака за субјектот МММ Кафе ДООЕЛ, односно за клубот „Пулс“,...
Инфлацијата во февруари зголемена за 0,2 проценти во однос на јануари, објави ДЗС
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава изнесува 0,2 проценти - објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на мало во февруари во однос на јануари годинава изнесува 99,7.
Како што наведува ДЗС, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од...
На членови на ДНК им продадов куферче за активирање и осум прскалки, изјави сведокот на судењето за пожарот во „Пулс“
Со сослушување сведоци продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кое се одржува во судницата во затворот „Идризово“.
Сведокот Горан Игновски, сопственик на фирмата „Чкаља“ ДООЕЛ од Кисела Вода и брендот „Е-аудио“, изјави дека пред околу година и половина пред трагичниот настан им продал опрема на членови на музичката група ДНК, пренесе МИА.
Игновски, кој повеќе од 34 години...
Скриени последици од животот во кафез
Стереотипните однесувања на птиците во кафез произлегуваат како резултат на долгорочно несовпаѓање помеѓу нивните вродени потреби и условите во кои живеат. Птиците не се пасивни животни што можат да се приспособат на ограничувањето без последици, напротив: тие се еволутивно дизајнирани за постојано движење, донесување одлуки и активен одговор на околината. Во природната средина птицата постојано ги користи своето тело...
Движењата во сон што многумина ги игнорираат може да бидат знак за деменција
Состојбата позната како иРБД е сериозно нарушување на спиењето, кое може да биде ран знак за деменција или Паркинсонова болест. Навременото препознавање на симптомите кај постарите возрасни помага во следењето и заштитата на когнитивното здравје. Тоа е нарушување на спиењето при кое лицето физички и гласно ги „глуми“ своите соништа, што може да биде опасно за него и неговите...
Подарокот (7)
ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА
Состојбите се менуваа како на филмска лента. Иако ги презеде сите мерки на претпазливост, полковникот Долгоруков не сметаше на извонредните способности на одметнатиот генерал Леонид Василевич Рибкин и неговата приватна војска. Впрочем, тој и не очекуваше учество на еден по малку и подзаборавен висок офицер. Но овој приватен ешалон од крвопијци доби ангажман од Москва за да се...
Премиера на комедијата „Тестостерон“ во кавадаречкиот театар
На големо задоволство на кавадаречката театарска публика, на 7 март 2026 година во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ се одржа премиерата на урнебесната комедија „Тестостерон“. Претставата е во режија на Јордан Витанов, а работена според текст на полскиот драматург Анджеј Сарамонович.
Режисерот Јордан Витанов, кој добро го познава потенцијалот на актерите од кавадаречкиот театар, со внимателно избрана актерска екипа...
Прогласување на победникот на наградата „Оливера Николова“
Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ ќе биде прогласен на прес-конференција в среда, во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност...
Објавен меѓународен конкурс за стрип „Велес 2026“
Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4-формат. Tемата на стрипот е слободна
Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот
меѓународен конкурс за стрип.
Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23. Меѓународен стрип-салон...
Прогласени победниците на конкурсот за песна за деца „Tоде“
Се одржа Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, каде што беа доделени наградите од конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“.
Жирито во состав Маја Мојсова (членка), Даниела Андоновска Трајковска (членка) и Зоран Јакимоски (член) донесе едногласна одлука да не ја додели првата награда „со оглед на (како што се наведува во образложението) послабиот квалитет на пристигнатите творби...







































