Николов: Притисокот е кај Данска
ФУДБАЛ - ПЛЕЈОФ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2026
Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман, изјави македонскиот репрезентативец Бобан Николов, пренесе ФФМ
Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично...
Ресурс што го имаме, одговорност што ја занемаруваме
Повод: Дваесет и втори март, Светски ден на водата, и односот кон водата во Македонија
Светскиот ден на водата е потсетник, но и годишно гласно предупредување. Годинава најгласниот очаен повик за заштита на пивката вода беше од Струга и стружани. Годинава пораката „каде што тече водата, расте еднаквоста“ извонредно се совпадна со повеќемесечниот проблем во нашиот „бисер на Охридско...
Човекот што го посвети сопствениот живот во одбрана на македонството!
Човекот што го посвети сопствениот живот во одбрана на македонството!
„Македонците треба да бидат горди што во нивната земја се родила и цутела првата црковнословенска литературна традиција (или култура), која станала основа за сите други словенски литератури“, своевремено има кажано полскиот лингвист и македонист Збигњев Голомб. Овој негов познат цитат се однесува на огромното значење на македонскиот јазик во...
Времетраењето на конфликтот ќе ја одреди длабочината на кризата
Четири недели се границата до работ на нова европска економско-енергетска бездна
Економски анализи предупредуваат дека доколку блокадата на Персискиот Залив во тесниот проток потрае повеќе од еден месец, Европа ќе се соочи со високоризични енергетски и трговски потреси и долготрајни нарушувања. Зошто Италија и Белгија се на првата линија на ударот?
Клучниот фактор што ќе ја одреди длабочината на...
„Македонски музички приказни“: Јубилејна 10. манифестација на Денот на пијаното во Скопје
На 25 март во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, ќе се одржи јубилејната 10. манифестација на „Денот на пијаното – Скопје“ (Piano Day Skopje 2026).
Настанот годинава е насловен „Македонски музички приказни“ и е посветен на македонското музичко творештво, а ќе се реализира во соработка со музикологот м-р Нора Бајрами.
Младите пијанисти ќе изведат низа дела од македонски автори.
-Одлучивме...
Палавковци во рими
Литературно катче
На првиот кат
од мојата зграда
живее од скоро
господин со брада.
Поет славен,
велат бил,
пишувал песни
со врвен стил.
Но, таа работа
не е лесна,
а и тишина треба,
да стигнеш до песна.
Палавковците пак,
од зградата цела,
тишината ја цепат
со ѕвонливи дела.
Затоа со поетот
влегоа во војна,
дур мир не потпишаа
пред баба Стојна.
Поетот од неа
наредба прими,
сите палавковци
да ги стави во рими.
За возврат тие
тивки ќе бидат,
шега не е,
во книга ќе ги видат.
Автор:...
Бронзен медал за Кирил Цветковски
КАРАТЕ - ГРАНПРИ-ТУРНИР „СЛОВАЧКА 2026“
Цветковски стигна до медалот забележувајќи пет победи и еден пораз во мошне силна конкуренција
Каратистот на скопски Металург, Кирил Цветковски, постигна успех на меѓународниот гранпри-турнир „Словачка 2026“, кој се одржа викендов во Братислава, освојувајќи бронзен медал во возрасната категоријата кадети до 14 години, а тежинска до 55 кг. За квалитетот на турнирот доволно зборува фактот...
Осум медали за осуммина гевгелиски средношколци
На гастрономскиот натпревар „Тејсти“ во Струмица
Неодамна во Струмица се одржа третиот натпревар за млади угостители „Тејсти“ („Tasty“), во организација на здружението за афирмација на млади угостители „Ескофиер“ од Струмица.
На натпреварот учествуваа триесетина ученици од средните училишта со угостителски струки од Југоисточниот Регион на Македонија, кои преку приготвување различни јадења имаа можност да ги покажат својата креативност, умешност и професионалност...
Ако не стивне оружјето, ќе стивне светската економија
Промена на воената доктрина на Блискиот Исток - на удар клучни гасни и нафтени капацитети
Историјата од Иранската револуција се повторува, расте ризикот од стагфлација и силен удар врз малите економии
Воените дејства на Блискиот Исток полека од напади врз воени цели сега се фокусираа врз енергетските капацитети на земјите, со што светот се исправа пред сериозна криза,која може да...
На денешен ден пред 115 години е роден „таткото“ на „Том и Џери“
Занимливости
На 24 март 1911 година во Њујорк, САД, е роден светски познатиот цртач и аниматор Џозеф Барбера, чии цртани филмови ги виделе милиони деца низ светот.
Уште додека бил во прво одделение, учителите забележале дека тој е многу талентиран за цртање. Освен што сакал да црта, Барбера бил и добар боксер и освоил неколку награди во овој спорт. Но неговата...







































