Пожарот кој вчера избувна во Грчиште има четири критички точки, сѐ уште не е ставен под контрола
Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.
Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.
-За жал...
Одбележан Денот на независноста на САД во американската амбасада во Македонија
Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија синоќа со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност.
Пред гостите, амбасадорката Анџела Агелер испрати пораки за заедничка иднина.
– Стремежот кон посовршен сојуз ја повикува секоја генерација да се издигне, да се стреми кон повеќе и да гради иднина достојна на тие вредности, без разлика на предизвиците и...
„Романтични летни ноти“ во Истанбул – три децении музичко пријателство
Љубителите на класичната музика во Истанбул ќе имаат прилика да присуствуваат на концертот „Романтични летни ноти“, кој ќе се одржи на 3 јули 2025 година (четврток), во 19:30 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.
Концертот, во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул и Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, претставува свечено одбележување на 30 години уметничка соработка...
Бура во Сиднеј, соборени дрвја, илјадници домови без струја, откажани летови
Силната бура што го погоди Сиднеј два дена по ред, денеска соборуваше дрвја, оставајќи илјадници домови без електрична енергија и принудувајќи ги домашните авиокомпании да откажат десетици летови.
„Квантас ервејс“ и „Вирџин Австралија“, двете најголеми авиокомпании во Австралија, заедно откажаа најмалку 55 домашни летови, според податоците од онлајн-порталот на аеродромот. Некои меѓународни летови исто така беа одложени.
Железничкиот сообраќај во Сиднеј,...
Собранието почнува расправа за Буџетот
Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.
Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи.
Со Предлог ребалансот што...
Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел се согласил со условите на конечниот договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.
-Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да...
Николоски за ТВ Франс 24: Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија
Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Франс 24, направено при работата посета на Франција.
Николоски посочува дека имаме уникатна географска...
За Мицкоски македонски идентитет се Гоце Делчев и Шапкарев, Миладиновци и Илинденско востание
Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес - конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.
-За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан...
Пожарот во Грчиште е ставен под контрола, но пламените јазици проголтаа неколку штали
Пожарот кој избувна попладнево околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, е ставен под контрола, но пламените јазици досега проголтаа неколку штали, а пожарот заради силниот ветар се шири кон Богданци.
Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се...
По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска разговараа телефонски, првпат по речиси три години, соопшти Кремљ.
Според руската страна, Путин изјавил дека конфликтот во Украина се должи на политиката на Западот, кој ги игнорира интересите на Русија и создава антируски мост во Украина и толерира прекршувања на правата на населението кое зборува на руски јазик.
Од Кремљ...








































