Притвор за вработен во МВР поради земање поткуп

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријавa против Л.Б. (57) од Штип, вработен во МВР, поради сомнение за „примање поткуп“, а судија на претходна постапка му одреди и притвор во траење од 30 дена. Л.Б. на 23 март годинава од странски државјанин побарал 300 евра за да не поднесе Барање за поведување прекршочна...

Јулија Скрипал се освестила и почнала да зборува

Здравствената состојба на Јулија Скрипал брзо се подобрува, соопшти синоќа болницата каде што е сместена ќерката на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал. - Состојбата на Јулија брзо се подобрува и таа веќе не е во критична состојба - соопштија од болницата додавајќи дека нејзиниот татко е во „критична, но стабилна состојба“. Извори за Би-би-си тврдат дека Јулија е свесна и...

Праизведба на камерната опера „Помеѓу соништа и летови“

На малата сцена во Македонската опера и балет во рамки на фестивалот Денови на македонска музика вечер ќе биде праизведена камерната опера во еден чин „Помеѓу соништа и летови“ по музика и либрето на Горан Начевски. Ќе настапат камерен хор и камерен оркестар. Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Љупка Јовановска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Бранкица Јордановска и кореограф ...

Мијатовиќ би го избрал Икарди пред Кејн

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, се изрази позитивно за аргентинскиот голгетер Мауро Икарди. Името на фудбалерот на Интер се почесто се споменува за трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ и поранешниот спортски директор на „кралевите“ верува дека тој би одговарал идеално во составот на актуелниот европски првак. - Очекувам Реал Мадрид повторно да стане вистинскиот Реал Мадрид следната сезона. Со...

Тесла повлекува 123.000 возила поради грешка

Компанијата Тесла повлекува 123.000 возила од најпродаваниот Модел С поради проблем со управувачкиот механизам, соопшти денеска производителот на овие електрични возила. Повлекувањето на автомобилите, најголемо што до сега го изведе компанијата на милијардерот Елон Маск, се однесува на моделите на луксузни седани произведени пред април 2016 година. Тесла утврди дека во постудени климатски услови завртките на управувачкиот механизам многу брзо рѓосуваат,...

Нимиц ќе им претстави правна форма со празни места на Димитров и на Коѕијас

Правна форма, со празни места во спорните прашања, ќе им претстави медијаторот Метју Нимиц на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Виена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. - Според досегашните информации, Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база...

„Тотал“ одложен за 11 април

Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 11 април. Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини. Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од...

Нормализиран сообраќајот на патот Кичево-Охрид

На магистралниот пат Кичево-Гостивар синоќа во 22 часот е норамлизиран сообраќајот, кој од вчера се одвиваше наизменично поради свлечиште. На делницата се поставени сообраќајни знаци за известување поради постоење можност од повторно свлечиште на земја. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Нови судски рочишта за „Топлик“ и „Тотал“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Топлик“ и „Тотал“. Минатото рочиште за „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда. Во „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште. Јанакиески, како...

Вашингтон: Протерувањето американски дипломати од Русија само ги влошува односите

Протерувањето на 60 американски дипломати од Русија не е неочекувано и САД ќе се справат со тоа, соопшти синоќа Белата куќа. Одлуката сепак дополнително ги влошува односите меѓу двете земји, истакна Белата куќа во соопштение. Во исто време портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека протерувањето на американски дипломати е неоправдано и Вашингтон го задржува правото да преземе соодветни мерки. -...