Отворен ден на АРМ на плоштад „Македонија“

Со изведба на точката „Егзецир“ на гардата на АРМ и боречките вештини на армиските специјалци денеска на плоштадот Македонија во Скопје, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден со граѓаните на Република Македонија насловен „АРМ со вас“. Граѓаните ќе имаат можност да го слушнат и Воениот оркестар, а како дел од настанот ќе бидат претставени и...

Сончево со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 25 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.

Бегалски бран од Авганистан и се заканува на Турција

Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки. За само три месеци во Турција влегле околу 20 илјади лица од Авганистан. Во периодот од 26 март до 1 април пристигнале повеќе од три...

Тековно одвивање на сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. На патниот правец Крива Паланка – с. Огут (Р-2245) поради свлечиште сообраќајот е во прекин. Се работи на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот. На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително...

Ретки отисоци од диносауруси пронајдени во Шкотска

Десетина ретки отисоци од диносауруси направени пред 170 милиони години се пронајдени на шкотскиот остров Скај. - Колку повеќе го пребаруваме островот Скај, толку повеќе отисоци пронаоѓаме - изјави Стив Брусејт од Геолошкиот универзитет во Единбург. Пронајдените отисоци им припаѓаат на сауроподите и тераподите од средината на периодот Јура. На овој локалитет се пронајдени два вида на диносауруси - долговратиот бронтосаурус...

Американската армија ќе ја чува границата со Мексико до изградбата на ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја употреби армијата за да ја заштити јужната граница на САД со Мексико. - Се додека немаме ѕид и соодветна безбедност, границата ќе ја чува војската. Тоа е голем чекор. Не можеме да имаме луѓе кои влегуваат во нашата земја илегално, исчезнуваат и никогаш не излегуваат пред суд - истакна Трамп. Тој додаде...

Посетата на Москва на кинескиот министер за одбрана е порака за САД

Новиот кинески министер за одбрана Веи Венгхе изјави дека за своја прва посета на странство ја избрал Русија со цел да испрати порака до САД за блиските врски помеѓу Пекинг и Москва. Тој наведе дека ја избрал Русија со цел да го презентира на светот „високото ниво на развој на билатералните односи и цврстата решеност нашите вооружени сили да ја...

Улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало денеска без вода

Поради уличен дефект на цевка Ф 200 милиметри на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ бр. 49 во населба Маџир Маало, денеска без вода од 9 часот ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар. Прекинот во водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде до завршување на дефектот.

Жена пукаше во седиштето на „Јутуб“, најмалку четворица ранети

Полицијата во американскиот град Сан Бруно потврди дека имало пукотници во седиштето на „Јутуб“. Најмалку четири лица се ранети, додека жената која е осомничена за оружениот напад е пронајдена мртва, со прострелна рана, објави Си-ен-ен. Според првичните сознанија на полицијата таа сама се застрелала. Полицијата ги предупреди жителите на Сан Бруно, град што се наоѓа јужно од Сан Франциско, да го...

САД ѝ се благодарни на Македонија за солидарноста околу случајот „Скрипал“

САД во неколку прилки досега на средби на високо ниво со сојузниците искажале благодарност до Македонија за вклученоста во заедничката американско-европска акција против Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во денешната изјава за МИА висок претставник на Стејт департментот укажа дека САД високо ја ценат солидарноста на Македонија со заедничката американско-европска акција против Русија. - Благодарност за Македонија искажавме во...