Заложничката криза во францускиот маркет заврши со најмалку две жртви
Ослободени се заложниците од супермаркет во градот Треб во јужна Франција. Во објектот останал само човекот кој го извршил нападот и еден полицаец, јавија локални медиуми цитирајќи го градоначалникот.
АФП јави дека најмалку две лица се убиени во нападот. Првично беше објавено за осуммина заложници.
Француските медиуми известуваат и дека напаѓачот претходно пукал кон полицајци кои џогирале во близина, при што...
Отворено писмо до грчките интелектуалци
И по 2.300 години сѐ уште не знаеме кој е наследникот. Вие господине Ципрас тврдите дека само вие сте наследници на богатството на Александар, ние велиме дека ние сме потомците на Филип и на Александар. Аргументи лесно наоѓате и вие, но и кај нас на секој чекор наоѓаме артефакти од древна Македонија. Морам да признаам дека сум конфузен поради...
Димитров: Тешко е да му се каже на народот дека слеаното име е добро решение
Слеано име на македонски јазик и без превод, не е најдобриот правец во разговорите, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференцијата, одговарјќи на новинарски прашања.
- Сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици во ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено...
Демографски движења во Република Македонија – пет региони и 44 општини во негатива
Веќе подолго време се анализира, пишува, констатира, укажува и се даваат одредени мерки и насоки во однос на демографските состојби во нашата земја, но ефекти не се постигнати. Да напоменам дека покрај низа донесени документи и препораки како што се двете стратегии ,,Резолуција за миграциската политика на РМ, 2009-2014 и 2015-2020“, иако поминаа веќе девет години, констатацијата е дека...
„Фејсбук“ ни покажа кој ги крои изборите
Нема многу голема разлика помеѓу „Кембриџ аналитика“ и „Фејсбук“. И двете компании ги користат нашите податоци за политички и финансиски цели, само што „Фејсбук“ по сѐ изгледа тоа го прави на многу поширока и поконстантна основа. Со право вели Едвард Сноуден, свиркачот што ја кутна на земја американската НСА, дека „Фејсбук“ заработува од експлоатирање и продавање на интимните детали...
Годинава ќе јадеме поскапи сливи, кајсии и праски
Новиот снежен бран и ниските температури што ја зафатија Македонија нема да предизвикаат значителни оштетувања кај земјоделските култури, вели агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ангелко Ангелески.
- Оптимист сум бидејќи температурите не се многу ниски, а добра околност е што не се очекува нагло разведрување и затоплување. Во земјоделските региони температурите се околу нулата или се позитивни така...
Се работи на новиот „Матрикс“
Сценаристот Жак Пен е одговорен што книгата „Реди плеер уан“ е адаптирана за филм. Во неговата биографија се наоѓаат и наслови како „Икс мен 2“, „Одмаздници“, „Последниот акциски херој“ и други.
Неговиот следен потенцијален проект може да биде најамбициозен, затоа што неговото име се поврзува со оживување на филмовите „Матрикс“. Веќе една година е вклучен во продукцијата, а во последното...
Ќе се доплатува за ненавремено осигурени возила?
Воведување доплата за ненавремено осигурени возила предлага Националното биро за осигурување на РМ, за да се реши проблемот со големиот број неосигурени, односно нерегистрирани возила.
- Проблемот со неосигурени возила е присутен над 20 години. Иако во 2011 година со учество на повеќе субјекти е донесена Оперативна програма за намалување на бројот на неосигурени возила за пет проценти секоја година...
Дени Бојл ќе го режира новиот „Џејмс Бонд“
Британскиот автор Дени Бојл потврди дека работи на сценариото за новиот филм за Џејмс Бонд, заедно со својот долгогодишен соработник Џон Хоџ, а исто така потврди дека и ќе го режира.
Долго време се шпекулираше дека токму британскиот филмаџија е најголемиот фаворит да го режира 25-от филм од славната акциско-шпионска франшиза.
- Моментално работиме на сценариото, ќе видиме што ќе се...
Ридли Скот ќе снима воен филм за кинескиот пазар
Светски познатиот режисер Ридли Скот преговара за нов филм, кој ќе биде воен трилер за евакуирањето на 4.885 кинески државјани во рок од 48 часа, за време на ирачката инвазија во Кувајт во 1990 година.
Проектот на кинеската „Жежианг талент“, насловен „Збогум, Кувајт“, ќе чини 35 милиони долари. Снимањето ќе се одвива во Кина и Кувајт, а филмот пред сѐ...








































