Расте прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани бележи зголемување од 21,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 41,1 отсто, капитални производи за 13,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за...
Родовата нееднаквост на пазарот на трудот создава загуби во БДП
Истражувањата на Светска банка покажуваат дека во Македонија само 45 проценти од жените на возраст од 15 до 24 години се вработени или се обучуваат, а околу 60 проценти не прават ништо, иако имаат соодветно образование и квалификации
Последната анализа на Светска банка укажува дека дури 15 проценти изнесуваат загубите во бруто-домашниот производ на Македонија поради родовата нееднаквост и малото...
За Венецијанската комисија легитимно е да се штити државниот јазик
Од АСНОМ 1944 година, државен јазик во Македонија е македонскиот јазик. Тоа е јазикот што треба да биде кохезивен елемент во општеството. Во досегашните дебати за Законот за употреба на јазиците, најмногу се зборува за службен јазик, а некако се пренебрегнува државниот јазик. Постојат различни видови службеност на јазикот, но секоја службеност не треба да го загрозува државниот јазик...
Гемиџија засадил дрво во Старата чаршија
Кога првпат ме покани да ја видам куќата, Алаетин со гордост ми ја покажа многу старата круша засадена во дворот. Поради многуте приказни и легенди што се раскажуваат за неа, ми велеше тој, ја нарекуваат и „крушата на Шатев“
СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ
Деновиве (март 2018 година) не бев малку изненаден кога шетајќи низ Старата чаршија забележав дека ја нема, дека е исечена...
Зошто опаѓа квалитетот во високото образование
Ако се спореди бројот на објавени научни трудови во списанија со фактор на влијание можеме да видиме дека дури и Танзанија има повеќе објавени квалитетни трудови од Македонија
Во една телевизиска емисија, што неодамна се емитуваше, покрај другите учествуваше и проректорот на УКИМ, проф. д-р Владимир Петрушевски. во таа околност, водителот го потсети д-р Петрушевски за една негова поранешна изјава...
Какви ризици носат преносливите системи за прислушување?
Воведувањето законска можност за користење посебни уреди и средства за следење на комуникациите е најсензитивното прашање во новите законски решенија, кое дава најголема можност за злоупотреба. Се работи за уреди што можат да се користат самостојно и за кои не е потребна соработка од операторите или од ОТА (во вид на подвижни уреди за следење комуникации т.н. „жолти комбиња“...
Промоција на „Краток албум за двајца“ во „Винил“
Во кафе-барот „Винил“ во Скопје, вечерва, во 21часот ќе се одржи слушачка промоција на деби-албумот на Телемама и Пиколомини со наслов „Краток албум за двајца“, како издание за независниот музички издавач - „Шарла рекордс“.
Телемама и Пиколомини се соло-артисти со веќе неколку албумски изданија зад себе, кои ги афирмираа, како на македонската така и на регионалната независна музичка сцена. Оваа...
Искачувањето исцрпува, спуштањето бара ментална подготвеност
Марјан Бонев, планински тркач
Марјан Бонев в недела ќе ја трча дистанцата од 23 километри на планинската трка „Водно - Матка планински маратон“, која е во организација на здружението ТРЕКС
Марјан Бонев е уживател во планинско трчање и во авантуристичките спортови, ја има освоено титулата државен шампион во планинско трчање за 2015 година, има учествувано во многу планински трки, а следна...
Возиме кон работ на беззаконие
При изгласувањето на ЗУЈ и содржински и процедурално, и во текот на постапката за предлагање, а и при неговото изгласување, се отстапи од принципите на правната држава. Претседателот на државата Ѓорге Иванов, во рамките на своите уставни овластувања, а и со чекори што не се спротивни на Уставот, во основа со користење на сите легални средства, го блокира Законот...








































