Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Врховниот суд на Република Македонија денеска треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година. Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука....

Целосната снимка за „Поткуп“ во судница пред јавноста

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Поткуп“ треба да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати снимката да биде пуштена на рочиште на кое ќе биде присутна и јавноста. Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено затоа што во Судот немаше...

Променливо облачно со повремен дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од еден од пет, дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од шест до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер. Температурата во...

Поместување на часовикот и вашето тело

Поместувањето на стрелките на часовникот при летното сметање на времето со себе обично носи и ненаспаност и замор. Еве некои проблеми кои можете да ги забележите во наредниот период: Студенило Кога на вашето тело му е потребно сон, тоа природно се подготвува за одмор – значи, се лади. Ако забележите дека ви се тресат забите, без некоја очигледна причина, веројатно ви...

Револуција во начинот на кој се забавуваме со нашите гаџети

Виртуелната реалност (ВР) е интересна технологија, која наскоро ќе предизвика вистинска револуција во начинот на кој се забавуваме со нашите гаџети. Во моментов на пазарот има различни класи ВР очила, но нивната цена се уште е висока, за да ги направи вистински пробив на пазарот. Исто така, вреди да се забележи дека бројот на паметни телефони кои поддржуваат ефекти на...

Изабела Роселини и нејзините кокошки

Чувањето кокошки за Изабела Роселини почнало како хоби, но се претворило во комбинација на бизнис и уметност. Во нејзината нова книга „Моите кокошки и јас“, читателите се внесени во светот на видови птици кои биле традиционално одгледувани од страна на селаните во минатото, пред драстичното намалување на вариететот кокошки со подемот на индустриското земјоделие. Иако, нивните имиња не се...

Кар­ја­кин го по­бе­ди Ка­ру­а­на и го стиг­на на вр­вот

Ру­ски­от ве­ле­мај­стор (ВМ) Сер­геј Кар­ја­кин ус­пеа да го стиг­не во­деч­ки­от на ша­хов­ски­от Тур­нир на кан­ди­да­ти­те за свет­ски пр­вак во Бер­лин, Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Кaру­а­на, отка­ко во 12-то ко­ло во ди­ре­ктен ду­ел ка­ко „бел“ му го на­не­се пр­ви­от по­раз. На две ко­ла до кра­јот, двај­ца­та има­ат по 7 по­е­ни. Кар­ја­кин сла­бо го поч­на тур­ни­рот и бе­ше на дно­то по по­ра­зи­те во...

Изложба Русите во Македонија и во Тетово

Русите во Македонија и Русите во Тетово е насловена изложбата која е поставена во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово. Изложбата е поврзана тематски со 100 годишнината од Руската револуција во 1917 година. Посветена е на луѓето од Русија кои не ја прифатиле Октомвриска револуција и по волјата на судбината заминале од родниот крај и дошле во Македонија, каде...

Изгоре поткровјето на „Норас ранчот“ во близина на Кичево

Во најпознатиот ранч во кичевско и еден од најсовремените во земјава, „Норас ранчот“ ,избувна силен пожар во поткровната конструкција на пансионскиот и угостителскиот дел од објектот. По брзата интервенција на екипа на ППБ Кичево , спречен е пожар од пошироки рамери. Сепак според првичната проценка направената штета и нее така занемарлива.Во време на пожарот неговиот сопственик Енвер Алими се наоѓал...

Пронајдена мртва жена избодена со нож во стан во Скопје

Седумдесет и седум годишна скопјанка вчера е пронајдена со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот во својот стан во населбата Тафталиџе. Случајот го пријавил нејзиниот син, откако отишол во посета на својата мајка, која живеела со неговиот брат. Како што информира МВР, случајот го пријавил Г.Г. (47) од Скопје вчера во 21.00 часот. Тој во...