САД почнаа да градат две воени бази во Манбиџ
САД почнаа да градат две воени бази во регионот на сирискиот град Манбиџ и испраќаат воено засилување во градот, каде што Анкара се заканува дека ќе нападне и ќе ја протера сириската курдска полиција.
Базите се наоѓаат во близина на селото Дадат, северно од Манбиџ, информираат турски медиуми, повикувајќи се на локални доверливи извори.
Двете бази ќе бидат изградени јужно и...
Дефект во системот на Еуроконтрол одложува летови во Европа?
Речиси половина авионски летови во Европа може да бидат одложени поради дефект на еден од системите кои го контролираат авионскиот сообраќај.
Еуроконтрол соопшти дека речиси 15.000 летови би можело „да имаат одредени одложувања“. Како што е соопштено, се очекува проблемот да се реши вечерва.
- Никогаш не сме имале ваков проблем, изјави портпаролот на Еуроконтрол.
Неколку европски аеродроми ги информираа патниците дека...
Муамет Хоџа назначен за втор портпарол на Владата
Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол.
Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа како кадар на ДУИ.
Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата по назначувањето му посака добредојде на својот нов колега.
- Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија...
Стотина граѓани му изразија поддршка на протераниот руски дипломат
Стотина граѓани излегоа на собирот за поддршка на протераниот руски дипломат, кој се одржа попладнево пред амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
Рускиот амбасадор Олег Шчербак излезе пред собраните граѓани кои скандираа „Русија, Русија“, за да им се заблагодари за поддршката. Шчербак го повтори ставот дека Македонија избрзала со одлуката за протерувањето на рускиот дипломат повикувајќи се на, како што рече,...
Шестмина рудари загинаа во бомбашки напад врз автобус во ЈАР
Шест рудари загинаа во Јужноафриканската Република, кога непознати напаѓачи фрлиле бомба врз автобусот кој ги превезувал, соопшти денеска полицијата на таа земја.
- Шест работници изгореа до непрепознатливост, а другите морале да бегаат низ прозорците. Не знаеме кој е мотивот на нападот, се неведува во соопштението на секретарот на Националното здружение на рудари (НУМ) за североисточниот регион, Филип Манкџ.
Нападот се...
„Девојката без лице“ доби нов живот во Канада, откако беше одбиена од САД
Кога пристигна во својот нов дом во канадски Ванкувер, Шакила Зарин стави нејзина фотографија, на која е облечена во жолт фустан, покрај креветот, за да ја потсетува на животот пред да биде приморана на брак и пред да избега од Авганистан, стравувајќи за својата безбедност. Но, фотографијата служи, пред се, за Зарин да се сеќава како изгледаше пред нејзиниот...
Церар очекува Македонија да добие позитивна препорака за почеток на преговорите со ЕУ
Словенија ја поддржува Македонија за евроатлантските интеграции. Земјата напредува на планот на реформите и очекувам да добие позитивна препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ, рече словенечкиот премиер Миро Церар на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.
- Посебно ме радува што гледам дека Македонија напредува во своите реформи и што Парлламентот веќе во април...
Јапонските цреши ја разубавија главната улица во Кичево
Шеста година по ред, во првата половина на април, на главната улица во Кичево цветаат јапонските цреши, кои тука беа засадени по рекструкцијата на најстарата градска улица.
Нема граѓанин кој деновиве поминува по главната улица, а да не подзастане за да се наслади од сликата што пред него ја создаваат овие растенија по потекло од Далечниот Исток.
- Немам зборови со...
Могерини и Хан доаѓаат во Македонија по извештајот на ЕК
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
- Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме...
Владата одлучи да се гради нов објект на Државниот архив
Владата денеска ја одржа 62-та седница на која е одобрена државна помош за нова, десетта странска инвестиција според новите мерки за поддршка, намалена е каматната стапка за кредити на Банката за поддршка на развојот, а донесена е и одлука за отпочнување постапка за изградба на нов објект за Државниот архив.
Владата, како што се наведува во соопштението, ја одобри одлуката...








































