Речиси половина авионски летови во Европа може да бидат одложени поради дефект на еден од системите кои го контролираат авионскиот сообраќај.

Еуроконтрол соопшти дека речиси 15.000 летови би можело „да имаат одредени одложувања“. Како што е соопштено, се очекува проблемот да се реши вечерва.

– Никогаш не сме имале ваков проблем, изјави портпаролот на Еуроконтрол.

Неколку европски аеродроми ги информираа патниците дека може да дојде до доцнење на голем број летови.