Над 60 починати од труење со алкохол во Индонезија

Повеќе од 60 луѓе починаа, а многумина се хоспитализирани овој месец по труење со алкохол од домашно производство во Индонезија, соопштија денеска властите. Полицијата уапсила најмалку 12 мажи во главниот град Џакарта и соседната покраина заради сомнеж дека произведувале и продавале смртоносен алкохол. Меѓу состојките е откриено и средство против комарци, наведуваат властите. - Станува збор за мешавина на состојки кои...

Црковни несогласувања и на Велигден

Црногорскиот владика Михајло остро го осуди однесувањето на Српската православна црква против верниците во Црна Гора. За време на велигденското обраќање митрополитот Михајло рече дека „СПЦ се обидува да ја стави Црна Гора под нејзината мантија“, објави „Танјуг“. Според него, „Српската православна црква ја злоупотребува толеранцијата на државното раководство во земјата“. Властите во Белград и СПЦ не ја признаваат...

Хрватска продолжува да се вооружува

По одлуката за набавка на 12 борбени авиони „ф-16 барак“ и со 16 извиднички борбени хеликоптери „киова“, Министерството за одбрана на Хрватска почнува со постапката за набавка на нови транспортни хеликоптери „блек хавк“. Министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ на состанок со воените старешини во воената база Плесо објавил дека е во тек изработка на тактичко-техничка студија за опремување со...

Работници преку суд ќе ги бараат своите пари

Откако и во изминатите три месеци вработените во ГП „Трансмет“ Скопје, ангажирани во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, не ја добија платата за декември заедно со придонесите К-15 за 2017 година и доплата до исплата на плата за месеците септември, октомври и ноември, поднесоа повеќе групни тужби против работодавачот од главниот град, со надеж дека заостанатите обврски по судски пат...

Нов обид за здружување на српската опозиција

Сојуз за Србија, новиот опозициски блок, кој би бил предводен од поранешниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас, би требало да почне со работа на деветти мај годинава. Во предлог-платформата за дејствување на сојузот се наведува дека партиите ги задржуваат своите органи и структури, правото на сопствен развој, но во клучните сегменти на политиката настапуваат синхронизирано и во договор на...

Сите наши дипломати

Дипломати - преку тикви в бостан или што би рекле Србите: грлом у јагоде. Драги читатели, можеби насловов требаше да биде „Сите наши дипломати и понекој министер“, но си мислам дека пократок наслов е попоетичен и така го оставам. Инаку не знам како би почнал. Би почнал со еден несуден дипломат од една цивилизирана земја, се викаше Рудолф Хес,...

Зошто не ми е грижа за високото образование

Кажете ми една земја во која илјадници луѓе можат 10 години да седат дома, да земаат плата, да им тече пензиски стаж и да имаат здравствено осигурување, без да одат на работно место! За другите смртници важи Законот за работни односи, според кој ако три дена не се појавиш на работа - ти следува автоматски отказ Помина уште еден бран...

Германците го спасуваат животот на песот што ги уби сопствениците

Песот што ги уби сопствениците можеби ќе биде поштеден, откако германските власти признаа дека згрешиле при постапувањето во случајот што се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност, пренесува „Гардијан“. Американскиот стафорд териер, Чико, беше фатен од пожарникари кои влегоа во стан во близина на Хановер минатиот вторник, каде што  ги пронајдоа телата на неговите сопственици Лезиме К. (52)...

Воскресение на надежите за препорака од ЕК

Сите политички премрежиња што се ефектуирале и како економски последици, кои ги имаат преживеано (или биле сведоци) граѓаните на Македонија во последниве 25 до 27 години, од нив имаат направено скептици, или во поблага форма „оптимисти со искуство“. Се чини дека најголемиот дел од јавноста со резервираност очекува дека „вратената“ безусловна препорака за преговори со ЕУ од Европската комисија,...

Македонските пчелари на саемот во Каменово

Претставници од повеќе пчеларски здруженија од земјава, деновиве беа во посета на Меѓународниот саем за пчеларство и мед во Каменово, Србија, каде што близу три децении се одржува оваа манифестација. На саемот имаше претставници од повеќе балкански земји. Во времето на саемот се одржаа и голем број трибини, а предавачи беа еминентни експерти од високообразовни институции. На овој саем...