МОН ќе ги намали часовите на основците, а се укинуваат и работните саботи
Намалување на неделниот фонд на часови и на бројот на ученици во паралелка, надворешна евалуација за рангирање на основните училишта, ограничување на надлежностите на директорите т.е. нивно преземање од Наставничкиот совет, советување на родители чии деца користат говор на омраза, можности за напредок на талентирани ученици - се меѓу планираните измени на Законот за основно образование. Министерството за образование...
И најдоброто сценарио без насмевка е просечен патувачки филм
Сум бил во точно 50 држави од сите континенти. Секоја култура, секоја нација, секое гратче имаат нешто уникатно и посебно, но за мене се издвојуваат Полинежаните, Бора Бора, Тахити, Фиџи, Самоа и Рапа Нуи, вели Борко
Борко Наумовски е светскиот патник од ТВ Телма. Над 100 дестинации успеа да сними за време за работата на брод како фитнес-инструктор и зумба-танчар,...
Објавена книгата „Зад маската на патриотизмот“
Деновиве издавачката куќа „Слово“ од Скопје, ја објави книгата „Зад маската на патриотизмот: анатомија на еден авторитарен режим“ од професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов. Станува збор за книга колумни и есеистички текстови, кои претставуваат анализа на феномените на тоталитаризмот воопшто и, посебно, една вивисекција на тоталитарниот режим, кој беше инсталиран во Македонија во годините меѓу 2006 и 2017...
Ердоган: Турција ќе ја продолжи соработката со Русија и Иран околу Сирија
Турција ќе ја продолжи „блиската соработка“ со Иран и Русија во Сирија, рече денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Овие три земји се сојузници во процесот Астана, чија цел е воспоставување на примирје во Сирија.
Минатата недела претседателите на трите земји се собраа во Анкара заради самитот за Сирија. Ердоган за време на обраќањето кон приврзаниците во Анкара, рече дека тие...
Концерт на Џијан Емин, филхармонијата и на ЗЏМ
Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе одржат електроакустичен концерт на Џијан Емин. На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија, додека еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во...
Оперски уметници од Австрија ќе гостуваат во МОБ
Ќазим Асотиќ, в.д. директор на Македонска опера и балет, деновиве престојуваше во работна посета во Виена, Австрија. Во текот на неговиот престој оствари средба со директорот на Државната опера во Виена, Доминик Мајер, како и со заменик-директорот Марио Штелер и со шеф-директорот на хорот, Елиза Маријан-Зурман. Потврдено е нивното гостување во октомври оваа година и отворање на новата сезона...
Демир Хисар – град со недоволно истражено културно наследство
Не случајно оваа општина е град на културата на Македонија за 2018 година. Тука се манастирот „Свети Јован Претеча“, црквите „Св. Јован Богослов“ и „Свети Никола“ во Слепче, манастирот „Свети Никола“ кај Слоештица, црквата „Света Петка“ во Жван - сите од 14 век...
Со свечено дефиле и пригодна културно-уметничка програма на Велигденскиот фолклорен фестивал, Демир Хисар и официјално ја почна...
Пападимулис: Не треба да ја изгубиме можноста за решение на името
Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на европскиот Парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај.
- Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со Владата на Заев се отвори прозорец на можности....
Хакерски напад: „Despacito“ исчезна од Јутуб
Спотот за песната „Despacito“ исчезна од Јутуб.
Би-Би-Си јавува дека каналот Вево бил хакиран и дека спотот за песната „Despacito“ бил избришан од Јутуб. Пред видеото целосно да биде отстрането, на корисниците им била прикажана фотографија од група вооружени луѓе.
Хакерите под видеото напишале „Слобода за Палестина“, а освен „Despacito“, биле отстранети уште неколку спотови.
Би-Би-Си јавува дека хакерите ги загрозуваат и...
Официјално најстариот човек во светот е Јапонец
Јапонецот Масазо Нонака денес доби сертификат дека со своите 112 години и 259 дена, тој е најстариот човек во светот.
Нонака доби сертификат од Гинисовите свестки рекорди во својот дом во Ашоро, на север од јапонскиот остров Хокаидо, пренесе АП.
Масазо Нонака е роден 25 јули 1905 година и израснал во големо семејство, кое управува со бањски пансион со години, а...








































