Променливо облачно и топло до 25 степени
Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 24 степени.
Во...
Макрон: Франција во следните денови ќе донесе одлука дали ќе ја бомбардира Сирија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во следните неколку дена ќе одлучи дали да бомбардира објекти во Сирија каде што се произведува хемиско оружје.
На заедничка прес-конференција со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Макрон рече дека конечната одлука ќе биде донесена по консултации со САД и Велика Британија.
- Во овој контекст, ние ќе продолжиме да разменуваме технички и стратешки информации...
Суданскиот претседател нареди да се ослободат сите политички затвореници во земјата
Суданскиот претседател Омар ал Башир нареди веднаш да бидат ослободени сите политички затвореници во земјата, јави суданската државна агенција Суна.
Во информацијата на Суна не се прецизира колку лица ќе бидат ослободени, но се истакнува дека одлуката е донесена во духот на „помирување, национална хармонија и мир“. Според суданската агенцијата, ослободувањето на политичките затвореници „ја отвора вратата за учество на...
Федерер ќе се врати во игра во јуни за турнирот во Штутгарт
Носителот на 20 Гренд слем титули и светски број 2, Роџер Федерер ќе се врати на теренот во јуни месец за тенискиот турнир од сериите АТП 250 во Штутгарт.
Како што е познато, „Маестро“ од Базел повторно ќе ја пропушти целата сезона на земја, а потоа ќе го стори истото како и минатата година - ќе се врати во Штутгарт...
Без струја дел од Сарај, Ѓорче, Центар, Карпош и Шуто Оризари
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари.
Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче Грачани, Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка во Општина Сарај и Ѓорче...
Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово
Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега се уште непознати лица.
Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да и избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал Јанковиќ) на косовско-македонската граница.
-Неколку се...
Кина е против преземање импулсивна воена акција во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад
Кина денеска соопшти дека е против секакви импулсивни акции во Сирија, вклучувајќи и употреба на воена сила.
Реакцијата на Министерството за надворешни работи во Пекинг доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе одговори „со сила“ на сириската Влада по наводниот хемиски напад.
Кина е против импулсивно прибегнување кон сила и упатување закани за употреба на сила во меѓународните односи,...
Зголемени коефициентите за дежурства и ноќен труд на здравствените работници
Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови покачени коефициенти.
Ова го соопшти вечерва Министерството за здравство по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар Горан Беговиќ и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.
На оние кои...
Инспектори на ОЗХО ќе допатуваат во Дума
Инспектори од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) ќе допатуваат во сирискиот град Дума со цел да утврдат дали навистина е извршен хемиски напад изминатиот викенд, потврди денеска официјален претставник на ОЗХО.
Претходно, сириското МНР упати официјална покана до ОЗХО да испрати своја мисија за утврдување на фактите и да ги испита тврдењата за наводна употреба на хемиско оружје....
Северна Ирска одбележува 20 години од мировниот договор
Северна Ирска денеска одбележува 20 години од потпишувањето на Договорот од Белфаст, а лидерите кои посредуваа за постигнување на тој мировен договор предупредуваат на нови опасности, кои за регионот ги претставува јакнењето на политичките поделби и излегувањето на Британија од ЕУ.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и некогашниот британски премиер Тони Блер во Белфаст им се приклучија на политичарите од...








































