Бускетс: Ова ми е најтешкиот пораз во кариерата
Огромно е разочарувањето кај фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а меѓу оние кој намногу ги боли тешкиот пораз (3:0) е Серхио Бускетс.
- Ова е најголем пораз во мојата кариера. Ја загубивме Лигата на шампионите, тие го искористија полниот стадион, создадоа вистински шанси, а ние изгледавме многу лошо. Рома заслужено оди понатаму,...
Изложба на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора
Изложба на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, ќе биде отворена денеска во општина Бутел, во рамки на манифестацијата „Цветници 2018“.
На отворањето, како што информираат од општина Бутел, настап ќе имаат КУД „Седенка“ и хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на општина Бутел.
Изложбата ќе биде отворена до 20 април годинава и на неа ќе бидат...
Инцидент во затвор во Бразил, убиени најмалку 20 затвореници
Најмалку 20 затвореници загинаа при обид за масовно бегство од затвор во северниот дел на Бразил, а во инцидентот бил убиен и еден затворски чувар.
Како што соопшти бразилската полиција, во обидот за бегство затворениците биле потпомогнати од вооружена група, која го нападнала затворот „Санта Изабел“ во сојузната држава Пара. При тоа припадниците на вооружената група и неколкумина затвореници кои...
Тeшко повреден пешак, 13 сообраќајки вчера во Скопје
Еден пешак бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во осум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од...
Закерберг: Тоа беше моја грешка и се извинувам за неа
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг призна дека не успеал да го заштити личниот живот на корисниците на социјалната мрежа, чии лични податоци можат да бидат искористени за политички цели, истовремено и да ја заштити и компанијата.
Во сослушувањето на седницата на Комисиите за трговија и правни прашања на Сенатот на САД, кое траеше речиси пет часа, 33-годишниот Закерберг детално...
Три резолуции за Сирија одбиени во СБ на ОН
Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН) ниту по три обида не успеа да усвои резолуција за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија, по што САД и сојузниците размислуваат за преземање воени акции.
Русија стави вето на обидот на САД во Советот за безбедност на ОН да воспостави нова истрага за откривање на виновниците за хемиските напади во Сирија, по...
Ќе се определува максималната субвенција за купување велосипеди во Скопје
Советот на Град Скопје денеска на седница треба да донесе одлука за определување максимален износ за доделување субвенции на граѓаните за купување велосипеди.
Во буџетот на Град Скопје за 2018 година за оваа намена има предвидено 10 милиони денари, а целта на мерката е стимулирање на граѓаните за помасовно користење на велосипедот како превозно средство.
Минатата година Град Скопје првпат додели...
Продолжуваат судењата за „Тенк“, „Тарифа“ и „Тотал“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
На вчерашното целодневно рочиште се слушаа прислушувани разговори кои се доказ во постапката. Претходно, беа отфрлени барањата...
Коѕијас попладне доаѓа во Охрид, ќе има работна вечера со Димитров
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас утре во Охрид ќе одржат нова средба. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.
Коѕијас, како што пренесуваат...
Седница за гласање доверба на Владата
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42. седница на која на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во образложението на барањето потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои...








































