Четири сценарија за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина
Најоптимистичкото сценарио го носи насловот „Зелен бран“ и предвидува дека Белград и Приштина во 2019 година би постигнале спогодба за нормализација на односите
Постојат четири можни сценарија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, објави минатата недела „Дојче веле“ повикувајќи се на заклучоците во анализата што ја изработила група од дваесет претставници на цивилното општество, дипломати и експерти од...
Писмо од поранешен затвореник до ФБИ го урива митот за Алкатраз
Се верува дека никој не успеал да избега од познатиот затвор Алкатраз во САД, и покрај 36-те забележани обиди, но ФБИ неодамна доби писмо во кое поранешен затвореник го тврди спротивното, пренесувa британски „Телеграф“.
Тројца затвореници, Џон и Кларенс Англин, како и Френк Морис, наводно, извеле храбро бегство од т.н. „карпа“ во 1962 година. Но, во истрагата спроведена од ФБИ...
Како европската привремена финансиска помош го зацврстува јаремот над Грција
Бескрајната грчка сага за јавниот долг ја покажа неспособноста на Европската Унија да се справи со својата неизбежна криза во еврозоната. Осум години по банкротирањето на Грција, постојаната несолвентност на грчката држава останува голем срам за европската администрација. Веројатно и затоа, по прогласувањето на кризата со еврото низ остатокот од Европа, се чини дека надлежните органи се цврсто решени...
Столтенберг: Воздушните напади се „јасна порака“ до сириската Влада
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека воздушните удари во Сирија, што во саботата ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на сириската Влада да изврши нови хемиски напади.
Столтенберг рече дека нападите претставуваат „јасна порака“ за сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран дека употребата на хемиско оружје не е прифатлива и оти сојузниците нема...
Мирот е војна, војната е мир
Се разбира, насловот е ехо на Орвеловата „1984“, но многу посоодветна за мигот е мислата на Орвел дека војните не се водат за да се добијат, туку за да траат. Ако некој и помисли дека светот се најде на чекор од нова, трета светска војна - се лаже! Таа е одамна започната, ако некогаш и воопшто запрела. Студената војна...
Продолжен притворот на поранешниот директор на СОЗР
Продолжен му е притворот за уште 30 дена на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, потврдија од Кривичниот суд Скопје.
Притворот е продолжен по предлог на Обвинителството за организиран криминал по истекот на првичните 30 дена притвор.
Доневски беше уапсен на 15 март под сомнение за злоупотреба на службената положба. Истрагата за овој случај...
Поскапуваат бензините на полноќ
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по...
И со пет отсто пораст, Европа не се стигнува и за 20 години
Ветувања, прогнози, идеи за промена на економската ситуација, за пораст на економијата има постојано, но малкумина ја гледаат бенефицијата од порастот на македонската економија
Темата за пораст на економијата повторно е актуелна, особено откако Светска банка ги намали прогнозите за економскиот пораст. Иако оваа слатко-горка тема честопати ја среќаваме во медиумите, малкумина можат директно да ја почувствуваат бенефицијата или некакво...
Утврдени пропусти кај наставниците во училиштето во кое се случи тепачка во Неготино
Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште „Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.
- Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни...
Нов објект параклис во дворот на тетовската црква Света Богородица
Тетовската црква Света Богородица добива параклис. Објект е изграден со помош на донации на верници, а се реализира по првична идеја за помошен објект за палење на свеќи.
-Црковниот одбор по добиените препораки од ликовни експерти дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година реши да започне со градење на помошен објект. Со...








































