Георгиадис: Нема да има договор со Скопје
Панос Каменос се сили и вели дека нема да гласа, затоа што знае дека нема да има договор со Скопје, смета потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Адонис Георгиадис.
- Јас сум од оние политичари што уште на почетокот го истакнав моето мислење дека нема да постои никаков договор со Скопје и губиме многу време играјќи ја играта на Ципрас....
Пародирана стварност, нелекторирана држава
Прво: сите што учествуваат сериозно во разговорите за „проблемот за името“, мене ми изгледаат, искрено, како испаднати од страниците на некоја книга со пародична функција: „Дон Кихот“ на пример. Или „Кандид“ на Волтер, на пример, а особено оној негов маестрален лик на интелектуален шарлатан, доктор Панглос, кој со невидена сериозност измислува комични логички проблеми, кои потем ги решава со...
Врсничкото насилство да се исфрли од образованието
И родителите форсираат. Немаат реални очекувања од своите деца, па сакаат уште во прво одделение тие да се мали ајнштајни. Го прават тоа без да се докрај свесни дека притисокот на децата им создава фрустрации, им создава страв и агресија. Затоа промените треба да почнат дома. Родителите мора да бидат поедуцирани за тоа како треба да се однесуваат во...
Компаниите наместо по судови, споровите ќе ги решаваат со арбитража
Просечното времетраење на постапката изнесува седум и пол месеци и тоа се однесува од моментот на поднесување на тужбата до моментот на донесување правосилна одлука. Во практиката арбитражата бележи и случаи на траење на постапката од четири месеци, што за компаниите значи заштеда на време и намалување на трошоци за решавање на споровите што произлегуваат од нивното работење
Иако поефикасен...
Се крева еколошко сенародно востание во историска Дебрца!
Камбаната на „Свети Атанасија“, во историското село Црвена Вода, в недела, на Денот на екологијата, во пет до дванаесет часот, ќе го означи почетокот на еколошкиот бунт на жителите од општината Дебрца, но и од други градови во земјата. Бунтот е мотивиран од владината намера за изградба на регионална депонија на територијата на оваа општина, кај селото Годивје, на...
Со европски пари ќе се подобрува добивањето бесплатна правна помош
Поддршка на реформата на системот за правна помош во земјава и покревање на јавната свест и информирање на граѓаните за постоење на можност за добивање бесплатна правна помош е целта на проектот „Поддршка на реформите на системот на правна помош“ на Европската унија и Советот на Европа што денеска беше промовиран во Скопје.
Проектот, што е дел од „Хоризонталниот инструмент...
Исламска држава добива ирачка правда на десетминутните судења
Турчинката Амина Хасан (42) имаше две минути за да се одбрани против обвинувањата за поддржување на Исламската држава (ИД), на рочиштето во Ирак, на кое беше осудена на смрт со бесење, по десетминутниот процес. По неа, во судницата влезе друга Турчинка, па набргу уште една, со што вкупно 14 жени беа осудени на смртна казна во рок од два...
Шекеринска во посета на САД, на 1 мај ќе се сретне со Матис
Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска на 1 мај во Вашингтон, ќе има официјална средба со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.
На средбата ќе биде потврдено стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД. Значењето на средбата, како што наведуваат од Министерството за одбрана, е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет...
Конституиран совет за соработка и развој на граѓанскиот сектор
Унапредување на соработката со граѓанскиот сектор за остварување на владините приоритети има за цел Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор што беше конституиран вчера. На конститутивната седница на Советот присуствуваше и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која истакна дека членовите на Владата не ја гледаат седницата како формалност, туку како начин преку кој со соработка...
Усогласени законите за судовите и за Судскиот совет
Работните групи на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги усогласиле ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судскиот совет. Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледала амандманите што се носат без дискусија. Разидувањата на мнозинството и опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.
Еден од клучните амандмани предвидува зголемување на...








































