Лажна тревога ја алармираше сириската противвоздушна одбрана
Сириската противвоздушна одбрана дејствувала во текот на минатата ноќ врз основа на лажна тревога за нови воздушни напади врз Сирија, јавија денеска сириските медиуми.
Неименуван извор во сириската армија соопшти дека противвоздушната одбрана лансирала ракети кон претпоставени цели, но дека потоа било утврдено оти нема никаков воздушен напад.
Според него, станувало збор за „заеднички електронски напад“ на САД и Израел врз...
Почина Коле Јовановски, пионер на електронската ТВ-монтажа
На 58-годишна возраст почина еден од најкреативните и најпродуктивни пионери на електронската телевизиска монтажа и постпродукција, Коле Јовановски. Од 1981 година работеше во МТВ, во својство на ТВ-монтажер, асистент на режисер или режисер на околу 5.000 разни жанрови на емисии, филмови, драми, серии и спотови, кои беа наградувани на голем број меѓународни фестивали. „Видеоарт-програма Кокино“ беше прикажана на фестивал...
Неоткриените симболи му даваат печат на македонскиот дизајн
Во македонската култура симболиката на фалусот е поврзана со оплодувањето и плодноста, како и одбрана од стравот од смртта. Овој симбол е искористен во мултимедијален проект што ќе биде претставен на фестивалот „Скопје креатива“ во мај во МКЦ
„Во името на фалусот и срцето, јас сум човек“ е насловен мултимедијалниот проект на Александра Јовановска (моден дизајн) и Екатерина Намичева (индустриски...
Естонски министер поднесе оставка бидејќи возел брзо во пијана состојба
Естонскиот министер за држана администравија Јак Ааб денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше фатен од полицијата како под дејство на алкохол вози со поголема брзина од дозволената.
- Жалам за тоа што се случи. Се преценив и нема да се правдам. Таквото однесување е недопустливо. Ја научив лекцијата - изјави Ааб на денешната прес-конференција на која ја објави својата...
Град Скопје ќе ги стипендира спортистите средношколци
Град Скопје, со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, за првпат воведува стипендирање на спортисти - средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје за 2018 година...
Погрешна тактика во раз(пре)говорите со Грција!
По Резолуцијата на Информбирото (1948), кога трупите на земјите-членки на Варшавскиот пакт (ВП) беа распоредени на границите на Југославија и кога постоеше опасност за ненадеен напад на нејзините источни граници, Тито си заминал на одмор на Бриони. Блефот успеал! Не само што не дојде до воена интервенција во Југославија туку Тито успеа да го надмудри и да го победи...
Намалено интересирањето за воена служба
Причината за намалувањето на бројот на заинтересираните лица за служење професионална војска не се ограничувачките фактори за старосната граница или другите услови, велат од ресорното министерство на БиХ
Во последните три години на конкурсите за прием на професионален воен кадар во одбранбените сили на Босна и Херцеговина забележан е опаѓачки тренд на бројот на пријавите. Сепак, од Министерството за одбрана...
Медијацијата не смее да се прекине еднострано
Голем број добронамерници, вклучувајќи ја и целата дијаспора, веќе долго време се едногласни во барањето „преговорите за името“ веднаш да престанат. Иако зборот „преговори“ не е адекватен, неоспорно е дека сите мислат на медијацијата на Нимиц. Незадоволството од овој процес е апсолутно оправдано и објективно, ама барањето е контрапродуктивно и штетно за нашите клучни интереси. Сосема е сигурно дека...
Одбраната побара изземање на судии и за „Траекторија“
Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Траекторија“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и на судии од Апелацискиот суд.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една телевизија дека во снимените аудио материјали со кои располага СЈО има и...
Крстопат(и)
Освен што е место каде патиштата се вкрстуваат, крстопатот симболизира и место на среќавање, случајно или договорено, место на разминување, но и разидување, попатно или судбинско. Почеток и крај на отсечки во низата одбројувања на црвено и зелено, на дозволено и забрането, но и точки на поврзување, буквално или метафорично. Место на регулирано движење, но и на сива трговија....







































