Ременски: Очекуваме опозицијата да ги поддржи измените на Законот за медиуми

Потпретседателката на СДСМ и пратеничка Фросина Ременски очекува опозицијата да ги поддржи Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Таа денеска најави дека сите предлози, вклучително и амандманите на опозицијата, ќе бидат разгледани. - Предложените законски измени, во текот на оваа недела, ќе бидат на второ читање на надлежната Комисија за транспорт и врски, каде што ќе се разгледуваат сите...

Груби: Заслугата за препораката им припаѓа на граѓаните

По повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2017 година, претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања на Република Македонија Артан Груби ги поздрави очекуваните и заслужените убави вести од Брисел за Македонија. -Добивањето на чиста препорака за отпочнување на преговори за членство на Република Македонија со Европската унија претставува потврда за храбро сработеното,...

Се зголемува коефициентот на медицинските сестри за ноќниот труд, потпишан анекс на Колективниот договор

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа анекс на новиот колективен договор за зголемување на додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство.  Според анексот, како што соопшти Министерството за здравство, од...

Османи: Продолжуваме со реформската агенда се до полноправно членство во ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со делегација на Република Чешка предводена од потпретседателот на чешкиот Сенат, Јири Шестак, на која накусо се осврнал изминатите девет месеци во кои Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, и притоа истакнал дека очекува тоа да биде валоризирано. Средбата, како што се истакнува во соопштението од Секретаријатот за европски прашања,...

ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјата. Препораката се базира на направената длабока анализа, нагласи Хан. Додаде дека е сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори. - Реформите во јавната...

Москва ги отфрла обвинувањата дека води глобала кампања за кибер-шпионажа

Не сфаќаме на што се должат континуираните обвинувања на САД и Велика Британија дека Русија води глобална кампања за кибер-шпионажа, изјави деенска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Вашингтон и Лондон вчера соопштија дека хакери, поддржани од Русија, ги заразиле компјутерски рутери на владини агенции, компании и клучни инфраструктури низ целиот свет. Песков изјави дека ваквите обвинувања не се поткрепени со какви...

Германија би можела да посредува за обнова на мировниот процес во Сирија

Германија има специјална посредничка улога, што и овозможува да „го држи отворен прозорецот за диалог“ со Русија, посветен на обнова на мировниот процес во Сирија, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас. - Треба да го искористиме овој момент за да го придвижиме политичкиот процес. Во тој дијалог неопходна ни е и Русија - изјави Маас...

Вук Јеремиќ: Вучиќ им го вети Косово на Американците

Поранешнот српски министер за надворешни работи и актуелен лидер на опозициската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, тврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „им го ветил Косово на Американците“, но оти има проблем како да го исполни тоа ветување. На трибината во Нови Сад, како што јави дописникот на МИА, Јеремиќ изјави дека на Вучиќ единствено не му одговара барањето...

Анкета: Шест од 10 Грци поддржуваат сложено, непреведено ерга омнес име

Речиси шест од 10 Грци се согласуваат со решение со сложено име за севкупна употреба, на македонски јазик без превод, пропратено со промена на Уставот и прашањата поврзани со иредентизмот, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Palmos Analysis, за информативниот портал Tvxs.gr. Според анкетата, 49 отсто од анкетираните одговориле дека се согласуваат, осум дека веројатно се согласуваат,...

Бусек: ЕУ што поскоро да ги прими земјите од Западен Балкан

Европската унија(ЕУ) треба што е можно поскоро да ги прими во членство земјите од Западен Балкан, смета поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек. - Приемот треба да се спроведе со цел Европа да стане компактна во светски рамки во услови на глобализацијата. Не можеме да си дозволиме да се откажеме од делови на Европа - изјави Бусек, кој е и...