ЕК: Реформите и дијалогот со Белград клучни за евроинтеграција на Косово
Косово на својот европски пат треба да го забрза процесот на спроведување на неопходните реформи, да покаже посилен ангажман во дијалогот со Белград и да изгради консензус околу клучните стартешки прашања, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Приштина на патот кон ЕУ.
Во текстот се оценува дека во текот на минатата година биле забавени работата на...
ЕК препорача Албанија да ги почне преговорите за членство во ЕУ
Европска комисија денеска препорача отпочнување на преговори со Албанија, потенцирајќи дека земјата остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети.
- Реформите во јавната администрација се консолидирани, со цел јакнење на професионализмот и деполитизацијата, се посочува во Извештајот на ЕК.
ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на незавсисноста, ефикасноста и одговорноста на судските институции, посебно преку напредокот...
Усвоени правилниците за мерките за третиот столб од Планот за економски раст
Правилници со кои стартува примената на мерките за третиот столб од Планот за економски раст се усвоени на денешната 64. седница на Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, правилниците се однесуваат на следните чети мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и...
ЕК: Србија напредува, но да го подобри владеењето на правото
Европската комисија во Извештајот за напредокот на Србија во процесот на евроинтеграција наведува дека преговорите бележат напредок, а од 12 отворени поглавија, две се привремено затворени.
- Вкупната брзина на напредокот на Србија зависи од напредокот во областа на реформите, посебно од брзите реформи во правосудството, како и нормализација на односите со Косово, се посочува во извештајот на ЕК.
Во документот...
Димитров: Препораката од ЕК победа за сите граѓани
Безусловната препорака што денеска Македонија ја доби од Европската комисија е голема победа за сите граѓани, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димиров на средбата во Скопје со чешката делегација, предводена од потпретседателот на чешкиот Сенат, Јири Шестак.
- Безусловната препорака е голема победа за сите Европејци - граѓани на Република Македонија - кои дигнаа глас и успееја да ја вратат државата...
Супстанцата со која е затруен Скрипал била во течна состојба
Нервниот агенс искористен за труење на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, бил во течна состојба и ќе бидат потребни месеци за да се отстранат сите траги од него, соопштија денеска британските власти.
Според британското Министерство за животна средина, на девет места им треба „чистење од стручни лица", вклучувајќи го ресторанот што го посетиле Сергеј и...
Жбогар: Македонија доби многу подобар извештај од претходните
Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот за Македонија во Стразбур.
- Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа...
Ердоган и Рохани за соработката со Русија за решавање на војната во Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот ирански колега Хасан Рохани денеска се согласија да ја одржат соработката меѓу Турција, Иран и Русија за политичко решение за конфликтот во Сирија, соопшти неименуван извор од Кабинетот на шефот на турската држава.
Турскиот претседател во телефонски разговор со Рохани му порачал дека треба да се избегнуваат акции кои би придонеле за зголемување...
Заев: Сега сме чекор поблиску до Европската унија
Ова е еден од оние денови кога граѓаните на Македонија треба да бидат горди. Сега сме чекор поблиску до Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев по објавувањето на Извештајот на ЕК.
Препораката е чиста и безусловна, кажа премиерот, посочувајќи дека тоа значи овозможување на почеток за преговори за членство во ЕУ.
- Денеска сме поблиску до ЕУ и до достигнување на...
Ременски: Очекуваме опозицијата да ги поддржи измените на Законот за медиуми
Потпретседателката на СДСМ и пратеничка Фросина Ременски очекува опозицијата да ги поддржи Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Таа денеска најави дека сите предлози, вклучително и амандманите на опозицијата, ќе бидат разгледани.
- Предложените законски измени, во текот на оваа недела, ќе бидат на второ читање на надлежната Комисија за транспорт и врски, каде што ќе се разгледуваат сите...








































