Италија цврсто со САД, Франција и Велика Британија во одлуката против Сирија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска во Парламентот рече дека Италија цврсто стои зад САД, Франција и Велика Британија во одлуката за напад на Сирија, насочен за оневозможување употреба на хемиско оружје. - Италија не е неутрална држава, која секојпат избира на која страна ќе застане меѓу Атлантската алијанса и Русија. Таа е доследна сојузничка на САД, а не на оваа...

Гутереш: Сириската влада е должна да овозможи непречена работа на ОПЦВ

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика сириската Влада да им овозможи на меѓународните инспектори за хемиско оружје работа без ограничувања. - Сириската Влада е должна да им ги овозможи сите услови за работа без никакви ограничувања, соопшти Гутереш. Тој не потврди дека инспекторите успеале да влезат во сирискиот град Дума, но на новинари од Саудиска Арабија им рекол...

ЕК: Турција нема постигнато напредок

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Турција во процесот на евроинтеграција наведува дека земјата не постигнала напредок и оти дури брзо се движи назад. Во Извештајот се посочува дека Турција и понатаму ја ограничува слободата на политичките опоненти и медиуми, а нема постигнато напредок во борбата против корупцијата. Турција е критикувана и поради големи недостатоци во областа на владеењето на...

Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров утре без струја

Дел од корисниците од улицата „Рилски конгрес“ во општина Кисела Вода утре од 10 до 12 часот ќе бидат без електрична енергија. Во периодот од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Исаија Маџовски“ од бр. 1 до бр. 29 во општина Ѓорче Петров. Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Невреме во Европа, за 24 часа 50.000 громови

Во последните 24 часа во Европа биле забележани повеќе од 50.000 удари на гром, а  најмногу имало во подрачјето на Италија, Словенија, Истра и северна Хрватска. Невремето пропратено со грмотевици, кое ја зафати Европа, донело со себе големо количество дожд, а некаде и град.  Метео сервисот „Ведер Јуроп“ информира дека на подрачјето во јужна Австрија имало град и поплави.  Во Грац улиците...

Брнабиќ: Извештајот на ЕК ја рефлектира Србија онаква каква што е

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Сем Фабрици денеска го предаде на премиерката Ана Брнабиќ извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија во процесот на пристапување во ЕУ. - Владата на Србија мора да ги стави реформите како приоритет, изјави Фабрици по состанокот со Брнабиќ, додавајќи дека „одреден напредок е постигнат во подобрувањето на правосудството и организираниот...

МЗ: Институтот за трансфузиологија располага со доволно количества фактори за коагулација

Министерството за здравство денеска соопшти дека Институтот за трансфузиона медицина располага со доволни количества од факторите на коагулација за возрасните лица болни од хемофилија. - Сите центри и региони во Македонија за трансфузиона медицина располагаат со потребните количини на фактори на коагулација до крајот на годината. Дополнително, во рамките на Централна Аптека при Институтот за трансфузиона медицина, се располага со...

Проширен опсегот на јавни функционери кои треба да ги објават службените трошења

Владата на денешната 64. седница донесе одлука со која се проширува опсегот на носители на јавни функции кои треба да ги објават службените трошења.  Како што соопшти владината прес-служба, Владата на седницата ја разгледа и ја усвои Информацијата за објавување на службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со...

ЕК: Реформите и дијалогот со Белград клучни за евроинтеграција на Косово

Косово на својот европски пат треба да го забрза процесот на спроведување на неопходните реформи, да покаже посилен ангажман во дијалогот со Белград и да изгради консензус околу клучните стартешки прашања, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Приштина на патот кон ЕУ.  Во текстот се оценува дека во текот на минатата година биле забавени работата на...

ЕК препорача Албанија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Европска комисија денеска препорача отпочнување на преговори со Албанија, потенцирајќи дека земјата остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети. - Реформите во јавната администрација се консолидирани, со цел јакнење на професионализмот и деполитизацијата, се посочува во Извештајот на ЕК. ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на незавсисноста, ефикасноста и одговорноста на судските институции, посебно преку напредокот...