Ново рочиште за нападот врз Села

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На претходното рочиште во понеделникот, за нападот врз Села и за случувањата во Собранието сведочеа пратеникот Мухамед Зекири и полицајците Абдулфетах Аљими и Игор Јанакиев. Во овој случај обвинети се...

Албанија сака американска воена база на своја територија

Албанија сака САД да изградат воена база на нејзина територија за да спречат влијание на Русија, изјави албанската министерка за одбрана Олта Џачка. – Мислам дека треба да испратиме силна порака дека Западен Балкан е регион ориентиран кон Западот, дека споделуваме исти принципи и вредности што треба да се бранат - изјави таа при посетата на Пентагон каде имаше средба...

Продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжат судењата за предметите на СЈо „Тенк“ и „Тарифа“. За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци. На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите. Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана...

Почина поранешната прва дама на САД, Барбара Буш

Поранешната американска прва дама Барбара Буш почина на возраст од 92 години. Таа беше значајна фигура во политичката династија, која вклучуваше двајца претседатели - нејзиниот сопруг Џорџ Буш и нејзиниот син Џорџ Буш помладиот. Барбара Буш, која беше прва дама од 1989 до 1993 година веќе одреден период се соочувала со здравствени проблеми, но одбила натамошни медицински третмани, јави Би-Би-Си. Нејзиниот сопруг...

Посебен сообраќаен режим на улиците околу хотелот „Александар Палас“

Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта. Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата...

Могерини и Хан денеска во Македонија

Еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите во кој ЕК даде чиста препорака за почеток на пристапните преговори, во официјална посета на земјата денеска ќе престојуваат заменик-претседателот на Европската комисија и висока претставничка за надворешни работа и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за европска и соседска политика и...

Променливо облачно со локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно, повремено со поголеми сончеви периоди и со услови за краткотрајна појава...

Захарова: Западот да не се меша во работата на ОПЦВ во Сирија

Русија ги повикува западните земји да престанат да се мешаат во работата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Сирија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа коментирајќи ги наводите на француското Министерство за надворешни работи дека Русија и Сирија ја попречуваат работата на мисијата на ОПЦВ истакна дека таквиот став е „изненадувачки“. -...

Саудиска Арабија подготвена да испрати војници во Сирија

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир ја повтори подготвеноста на таа држава да распореди војници во Сирија, како дел од напорите стабилизација на земјата. - Од почетокот на кризата разговараме со САД за испраќање на војници во Сирија, изјави Џубери на прес-конференцијата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Неговата изјава беше коментар на написот на „Вол стрит џурнал“ во...

Делови од Чаир, Гази Баба и Бутел утре без вода

Корисниците од населбите Гази Баба, Чаир, Кале, Топаанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 милиметри на улицата „Цветан...