ЕУ донираше 300 компјутери и 18 возила на МЗШВ
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) денеска доби 18 возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра, донација од Европската унија(ЕУ).
Поголем дел од возилата, односно 14, се наменети за Платежната агенција, а четири за Министерството, додека компјутерите се за администрацијата.
Според министерот Љупчо Николовски, кој ја прими донацијата, со опремата треба да се зајакнат капацитетите...
Николовски: Маркичките за српско брашно можеби целосно ќе бидат укинати
Преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Одговарајќи на новинарски прашања по добивањето на техничката помош од ЕУ, Николовски нагласи дека со меморандумот меѓу Македонија и Србија што треба да биде потпишан до 30 јули годинава, ќе се отвори и потребата од...
Мопед удри во деветгодишно дете во Кавадарци
Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска СВР Велес. Несреќата се случила на улицата Вишешница.
- Мопед марка „јуинг 50“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од С.А.(55) од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница - Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош –...
Пентагон ги откри деталите за ракетниот напад врз Сирија
Во нападите врз сириските капацитети за хемиско оружје биле истрелани над сто крстосувачки проектили, при што војските на САД, Британија и на Франција користеле најразлични платформи - од стратегиски бомбардери преку разурнувачи до јуришни подморници
Пентагон ги соопшти деталите за неодамнешниот заеднички напад на САД, Британија и на Франција врз повеќе цели во Сирија. Како што се очекуваше, сојузничките сили...
Трамп: Помпео се сретна со Ким Јонг-ун
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мајк Помпео минатата недела во Северна Кореја се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.
- Мајк Помпео се сретна со Ким Јонг-ун во Северна Кореја минатата недела. Средбата поминала мирно и воспоставени се добро односи - напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека се работи на детали за претстојниот самит меѓу лидерите на САД и...
Германски аеродром нуди годишни плати до 30.000 евра и платен стан
Најголемиот германски работодавец, аеродромот Фрапорт, објави дека има потреба од работници и им нуди годишна заработувачка од 25.000 до 30.000 евра.
Работниците треба да располагаат со основно познавање на германски и англиски јазик, а освен квалификуваните работници ќе се вработуваат и тие без квалификации.
На аеродромот во Франкфурт се вработени 81.000 работници, но и понатаму недостасува работна сила.
Бруто платата за...
Антимафијашка акција во Италија, приведени 22 лица
Италијанската полиција денеска приведе 22 лица, осомничени дека се дел од сицилијанската мафија, а во рамки на операцијата за потрага по најбараниот италијански мафијаш, шефот на „Коза ностра“ Матео Денаро.
Рациите се спроведени во провинцијата Трапани, во западниот дел на Сицилија, а цел беа членови на т.н. мрежа „пицини“, што се однесува на систем шифрирани пораки напишани на хартија,...
Анѓушев: Извештајот на ЕК реално ги отсликува состојбите во економијата
Извештајот на Европската комисија реално, прецизно и точно ги отсликува сите состојби во македонската економија, владиниот План за економски раст треба да помогне да се подобрат состојбите на кои се укажува, како сивата економија, а покрај на нејзино сузбивање мора да бидеме посветени и на иновативните процеси - оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Според него, добро е...
Посилен земјотрес почувствуван во близина на нуклеарна централа во Иран
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јужната иранска провинција Бушер, каде се наоѓа нуклеарната централа, јави државната телевизија.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени луѓе.
Земјотресот ја погодил областа Каки во провинцијата Бушер, наведе телевизијата.








































