Отворен 21. Скопје филм фестивал
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“, вечерва во кино „Милениум“ е отворен 21. Скопје филм фестивал.
Повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди новото издание на фестивалот кој до 26 април ќе се одржува во „Милениум“, „Фросина“...
Mал прекин во водоснабдувањето утре во село Радишани
Заради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот за питка вода „Радишани“, утре мали прекини во водоснабдувањето ќе имаат во село Радишани, општина Бутел.
Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.
Без струја утре дел од општините Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром
Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти РЦУК Скопје, утре од 5:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани и Викенд населбата Веле Поле...
Такада нуди 63 милијарди долари за фармацевтската компанија Шајр
Јапонската фармацевтска компанија Такада ја обнови својата понуда од 63 милијарди долари за компанијата Шајр, најдобро позната по производството на лекарства како Виванс и Адерал. Шајр ја одби понудата, но најави дека разговорите со Такада продолжуваат, додека во исто време компанијата разгледува можна контра-понуда од Алерган.
Доколку Такада ја купи Шај, ќе стане еден од најголемите производители на лекови во...
Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс
Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер Нелсон, познат како Принс, нема да бидат покренати кривични пријави, соопшти денеска обвинителот на сојузната американска држава Минесота.
- Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторство поврзано со смртта на Принс - изјави обвинителот на Округот Карвер, Марк Мец по двогодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.
Принс беше пронајден мртов во...
Во дербито на колото Куманово го совлада Гостивар
Во петтото коло од кошаркарската супер лига вечерва кошаркарите на Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на Гоствар со 77:71 (41:32) со што за уште еден чекор се доближија до четвртото место на табелата кое што води во завршницата или во таканаречениот фајнл-фор.
Во натпревар кој директно одлучуваше за пласман на четвртата позиција на табелата поради што истиот на...
Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка
Германската подморница со која, според теоретичарите на заговори, Адолф Хитлер пребегал во Јужна Америка по Втората светска војна, пронајдена е недалеку од брегот на Данска.
Пловилото У-3523 припаѓа на класата XXI, и e една од првите подморници дизајнирани за подолг престој под вода. Нејзиниот капацитет теоретски овозможува непрекината пловидба до Јужна Америка.
Била потопена од британскиот бомбардер Б-24 Ослободител, пред 73...
Пентагон: Сирија и понатаму може да изведе „ограничени напади“
Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хемиско оружје, таа и понатаму има можност да изведе „ограничени напади во иднина“.
- Тие ќе имаат можност да изведат ограничени напади во иднина, не би го исклучил тоа. Сепак, додека ја разгледуваат динамиката за изведување на такви напади, мора да гледаат преку рамо...
Компанијата „Кнауф“ го промовираше новиот производ „Соникборд“
Германскиот гигант „Кнауф“ денеска во Кичево го промовираше својот нов производ, преграден ѕид со подобрена изолација и носивост “Соникборд“. Производ кој на македонскиот пазар се појави на почетокот на месец април.
Првите луѓе на „Кнауф Македонија“ пред кичевските бизнисмени и мајстори-гипсери ги презентираа предностите на новиот производ кој е побезбеден и постабилен при транспорт и работа, лесен за обработка и...
Фејсбук бега од Ирска за да се спаси од новите регулативи на ЕУ
Фејсбук работи на префрлање на своите административни одделенија од Ирска, со што ќе ја избегне опасноста да биде регулирана од страна на Европската унија.
Гигантскиот социјален медиум има околу две милијарди корисници, а од 2008 година има подружница во Ирска преку која административно се води значителен дел од продажбата на разните услуги што ги нуди компанијата, користејќи ги посебните даночни...








































