Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер. На местото на настанот ќе биде поставено возило од кое ќе се извлекуваат повредени лица и во тој период во една сообраќајна лента...
„Пресе“: „Отворено општество“ на Џорџ Сорос ја напушта Унгарија
Фондацијата на Џорџ Сорос „Отворено општество“ ќе го зтавори своето претставништво во Будимпешта, а канцеларијата за активностите за Источна Европа ќе ја премести во Берлин, објави австрискиот весник „Пресе“
Унгарската интернет страница „444.hu“ објави дека Канцеларијата на Фондацијата за отворено општество ќе биде затворена на 31 август и ќе биде преместена прво во Виена, па потоа во Берлин.
Засега нема официјална потврда...
Нови судски рочишта за „Тенк“ и „Топлик“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови судски рочишта за предметите на СЈО „Тенк“ и „Топлик“.
Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
На претходното рочиште одржано пред два дена, Судот донесе одлука да ја...
Сончево време со температура до 26 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Дневната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до...
Отворен 21. Скопје филм фестивал
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“, вечерва во кино „Милениум“ е отворен 21. Скопје филм фестивал.
Повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок, ќе понуди новото издание на фестивалот кој до 26 април ќе се одржува во „Милениум“, „Фросина“...
Mал прекин во водоснабдувањето утре во село Радишани
Заради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот за питка вода „Радишани“, утре мали прекини во водоснабдувањето ќе имаат во село Радишани, општина Бутел.
Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.
Без струја утре дел од општините Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром
Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Сарај, Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти РЦУК Скопје, утре од 5:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани и Викенд населбата Веле Поле...
Такада нуди 63 милијарди долари за фармацевтската компанија Шајр
Јапонската фармацевтска компанија Такада ја обнови својата понуда од 63 милијарди долари за компанијата Шајр, најдобро позната по производството на лекарства како Виванс и Адерал. Шајр ја одби понудата, но најави дека разговорите со Такада продолжуваат, додека во исто време компанијата разгледува можна контра-понуда од Алерган.
Доколку Такада ја купи Шај, ќе стане еден од најголемите производители на лекови во...
Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс
Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер Нелсон, познат како Принс, нема да бидат покренати кривични пријави, соопшти денеска обвинителот на сојузната американска држава Минесота.
- Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторство поврзано со смртта на Принс - изјави обвинителот на Округот Карвер, Марк Мец по двогодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.
Принс беше пронајден мртов во...
Во дербито на колото Куманово го совлада Гостивар
Во петтото коло од кошаркарската супер лига вечерва кошаркарите на Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на Гоствар со 77:71 (41:32) со што за уште еден чекор се доближија до четвртото место на табелата кое што води во завршницата или во таканаречениот фајнл-фор.
Во натпревар кој директно одлучуваше за пласман на четвртата позиција на табелата поради што истиот на...








































