„Трчањето покрај ’Биг Бен’, со македонското знаме в раце, е нешто посебно“
Атанас Наумов за нецели две години ги истрча најпознатите шест светски маратони, во Лондон, Њујорк, Чикаго, Бостон, Берлин и во Токио, а таков успех оствари и Ангел Арнаудов
Атанас Наумов и Ангел Арнаудов се првите Македонци што можат да се пофалат дека настапиле и ги истрчале шесте најголеми маратони во светот, во Лондон, Њујорк, Чикаго, Бостон, Берлин и во Токио.
-...
На повидок генетички модифицирани спортисти?
Генетичка терапија што се дефинира како техника за користење и манипулирање со гените за лекување или за спречување болести, може да се (зло)употреби и за подобрување на перформансите на спортистите
Во доцните 1990-ти, Ли Свини, физиолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија, се појави на насловните страници поради истражување на глувците наречени „Шварценегер“, кои беа за 30 отсто посилни...
Филмовите по кои ќе го паметиме големиот Милош Форман
Светот на филмот е посиромашен по заминувањето на култниот режисер Милош Форман, кој почина неодамна во 86-та година. Тој ја напушти родната Чехословачка во потрага по креативна слобода во САД, каде што оствари блескава кариера. Вниманието од меѓународната јавност Форман го привлече со филмовите „Црниот Петар“ (1964 г.), „Љубовите на една русокоса“ (1965 г.), кој што беше номиниран за...
Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде решение за името
Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис.
Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на шест точки изразувајќи ги неговите...
Кои се 10-те серии што ги гледаат само паметни луѓе?
На интернет-порталот Ранкер деновиве се води интересна расправа за тоа кои серии ги сакаат само паметните луѓе.
Несомнено, изборот на телевизиски програми и разновидни ТВ-содржини никогаш не бил поголем, во глобални рамки, но исто така на телевизиите никогаш не се прикажувале и поголеми глупости. Хумористични серии од разни видови ги преплавија ТВ-каналите, па, соодветно на тоа, гледачите прашуваат кои телевизиски...
Алмодовар снима „машки“ филм
Шпанскиот режисер Педро Алмодовар најави снимање нов филм, под името „Болка и слава“.
- Филмот е составен од низа состаноци, некои навистина се случуваат, на некои се потсетува режисерот, кој е сега во подоцнежна животна доба. Ќе ги опфати првата љубов и другите љубови, мајките, смртноста, шеесеттите, осумдесеттите, сегашните времиња и празнината што нè прогонува - објави Алмодовар.
Снимањето ќе почне...
Ќерката на Мајкл Џексон сама си направила семејна фотографија
Парис Џексон, сакајќи да му оддаде почит на својот славен татко, Мајкл Џексон, објави фотографија на Твитер, што претходно ја обработила во Фотошоп, на која како дваесетгодишна девојка стои меѓу своите родители, Мајкл и мајката Деби Роу.
Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, ваква сцена не е можна, бидејќи славниот пејач умре уште додека Парис беше многу малечка,...
Белгија ги повика Албанците да не бараат азил во таа земја
Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен ги повика Албанците кои патуваат во неговата земја да престанат да поднесуваат барања за азил, бидејќи тие ќе бидат отфрлени. Повикот го упати при вчерашната посета на Тирана, јавија денеска локалните локалните медиуми.
- Добредојдени сте да студирате, да работите, да ги посетувате вашите семејства, да ги видите Брисел и Бриж,...
Не се знае дали Меган Маркл ќе носи круна
Меган Маркл сѐ уште нема одлучено дали ќе носи круна на венчавката со принцот Хари, а доколку се одлучи да носи, ќе може да избира една од светски најзначајните колекции.
Кралицата Елизабета Втора, бабата на принцот Хари, има над сто круни и, како што е традицијата, ќе ѝ дозволи на Меган да позајми една од нив.
Во колекцијата на кралицата има...
Прикажан првиот филм во Саудиска Арабија по 35 години
На големото платно во една концертна сала во Ријад, која специјално за оваа пригода беше претворена во киносала, деновиве беше прикажан првиот филм во Саудиска Арабија по 35 години. Избраните гледачи на затворената проекција имаа можност да го погледнат актуелниот холивудски хит „Црниот пантер“.
Во претходните неколку години Саудиска Арабија постепено ги укинуваше забраните за емитување филмови, заедно со оние...








































