Анѓушев ги повика студентите да се охрабрат и да ги реализираат своите идеи и соништа
Во рамките на одбележувањето на „Светската недела на креативноста и иновациите“ денеска на Машинскиот факултет се одржа трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“ на која се обратија Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, заменик министерот за образование и наука Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.
Вицепремиерот Анѓушев, како...
Легијата на честа не секогаш е за најдостојните – другата страна на францускиот орден
На познатиот велосипедист Ленс Армстронг му беше одземен орденот, холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, исто така, ќе го загуби неговото одликување, додека сирискиот претседател Башар ал Асад, самиот го врати неговиот орден Легија на честа, пред Франција да му го одземе, пренесува „Њујорк тајмс“.
„Легијата на честа“ која претставува највисоко одликување на Франција, досега ја добиваа најценетите светски личности во најразлични...
Заев: Неуспехот во решавањето на спорот за името нема да значи крај на светот
Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.
Тој во изјава за агенцијата Франс прес, која ја пренесува МИА, додаде дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“.
- Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш, нагласи Заев,...
Во Скопје санкционирани 248 пијани возачи за шест часа
Скопје, 21 април 2018 (МИА) - Од 726 контролирани возачи во Скопје во период од 23 часот синоќа до пет часот утринава, 248 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
При спроведената акциска контрола на МВР за откривање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, полицијата санкционирала уште 250 други...
Скопје ќе ја пречека Академија Пандев во Кичево
Откако во средата, Скопје натпреварот против Силекс, го одигра на Градскиот стадион во Кичево, и наредниот првенствен натпревар против екипата на Академија Пандев, скопскиот фудбалски прволигаш ќе го одигра во овој град, но сега на стадионот на Влазерими.
Локацијата за одигрување на овој натпревар е поместена од причина што на Градскиот стадион во Кичево во истиот термин недела 16 часот,...
Филиче: Македонија имаше одличен степен на имунизација, но сега веќе не е така
Со години нашата земја имаше одличен степен на имунизација, но за жал сега не е така, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче на музичкиот хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација.
Според него, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од...
Извршено уништување на минско-експлозивните и убојни средства на Криволак
Претходните два дена на воениот полигон Криволак, беа уништени минско-експлозивните и убојни средства, пронајдени во земјава во текот на целата 2017 година и првиот квартал од оваа година. Уништени беа вкупно 670 убојни и минско-експлозивни средства од различен калибар и од различна старост и потекло.
На оваа операција беа присутни и првите луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување на...
Еврозоната и ММФ размислуваат за отпишување на долгот на Грција
Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот на Грција, но не размислуваат за никакво продолжување на спасувачката програма за Атина.
- Нема преговори за таквите прашања како што е продолжување на грчката програма. Грчките власти се многу фокусирани на излегување од програмата...
Владина поддршка од 17 милиони евра за канализациони и водоводни системи
Околу 17 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на канализациони и водоводни системи низ општините во државата. Дел од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а дел преку Европската инвестициска банка.
Проектите ќе се реализираат во соработка со отштините, а целта е да не остане ниту една општина каде ќе нема чиста вода.
- Ниту една општина нема...
Влатко Стефановски промотор на Денот на независни музички продавници
На платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, денеска, од 13 до 17 часот, ќе биде одбележан Интернационалниот ден на независните музички продавници. Во светски рамки, овој ден се одржува од 2007 година, а во Македонија оваа убава традиција се организира вторпат.
Следејќи го генералниот концепт на прославата, и Македонија има промотор на овој настан. Оваа чест, во светски рамки,...







































